Википедија-заедницата им препорачува на уредниците да бидат храбри во ажурирањето на страниците. Викијата се развиваат побрзо кога корисниците поправаат проблеми и граматички грешки, додаваат факти, гледаат дали се користи прецизен јазик итн. Очекуваме секој да биде храбар: тоа е сосема во ред. Википедија не само што ви дозволува да додавате, ревидирате и уредувате статии - таа сака тоа да го правите. Ова бара извесна мера на учтивост, но функционира. Ќе видите.
![](//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/c/ce/Nutshell.png) |
Најважното од страницава: Ако здогледате нешто што може да се подобри, подобрете го! |
Се разбира, другите ќе го уредуваат и менуваат она што вие сте го напишале. Не сфаќајте го лично. Тие, како и сите ние, само сакаат да ја подобрат Википедија што повеќе можат.