Бранов облик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бранов облик — обликот на еден сигнал како бран што се движи низ физичка средина или како апстрактна претстава.
Во многу случаи, средината низ која минува бранот не допушта непосредна видлива претстава на обликот. Во овој случај, поимот „бранов облик“ е обликот на графиконот со менливи количества во дадено време или растојание. Брановите сликовно се претставуваат на осцилоскоп како повторлива слика на екран.