Борба на македонскиот народ против Цариградската патријаршија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Борбата против Цариградската патријаршија започнала во средината на 19 век, таа била водена од страна на населението во Македонија со цел да се отстрани црковната власт на Цариградска патријаршија која со себе го носела погрчувањето. Во текот на овие борби едно од главните барања било да се обнови некогашната Охридска архиепископија, а македонските епархии да потпаднат под нејзина јурисдикција, оваа борба во себе носела и национален карактер бидејќи македонското граѓанство се стремело во македонски општини, наставата да се изведува на македонски народен јазик, а во црквите да се отстрани грчкиот јазик и да се замени со црковно - словенски.