Боксот е спорт што вклучува напад и одбрана со тупаници.

Кратки факти Насоченост, Земја на потекло ...
Бокс
Бокс
Насоченостудирање
Земја на потеклоГрција (античко боксување)
Обединето Кралство (модерно боксување)
ОсновачРазни борци
ПотеклоНепознато
Олимписки спортОд 688 пне.
Затвори

Модерен бокс

Во модерниот бокс, боксерите носат меки ракавици а натпреварувањето трае 12 триминутни рунди во квадрат ограден со јажиња, познат како ринг.

Боксот во Стара Грција и Рим

Во Стара Грција борачите користеле тесни каиши на рацете и подлактниците, додека во Рим гладијаторите на рацете користеле кожени покривачи со метални клинци (цести) и најчесто се бореле до смрт.

Боксот од 1839 година до 1904 година

Со воведувањето на лондонските правила на рингот во 1839 г., удирањето со нога, туркањето, удирањето со глава, гризењето и удирањето под појасот, биле одстранети од стандардниот боксерски репертоар. Правилата од Квинсбери од 1867 г. барале носење ракавици, но сепак боксувањето со голи раце продолжило до 1880 г. Последниот од познатите борачи со голи раце бил Џон Л. Саливан. По Саливан, САД станале прво место по бокс, делумно поради тоа што имигрантите го обновувале влогот на боксерите. Боксот е вклучен во Олимписките игри во 1904 г.

Категории

Денес во професионалниот бокс постојат 17 тежински класи:

  • суперлесна до 48 кг
  • јуниорска мува до 49 кг
  • мува до 51 кг
  • јуниорска бантам до 52 кг
  • бантам до 53,5 кг
  • јуниорска перолесна до 55 кг
  • перолесна до 57 кг
  • јуниорска лесна до 59 кг
  • лесна до 61 кг
  • јуниорска велтер до 63,5 кг
  • велтер до 67 кг
  • јуниорска среднотешка до 70 кг
  • среднотешка до 72,5 кг
  • суперсредна до 76 кг
  • лесно-тешка до 79 кг
  • полутешка до 86 кг
  • тешка над 86 кг

Правила

Натпреварувачот може да победи на два начина: со нокаутирање, т.е. со соборување на противникот (при што судијата му брои до 10) или со собирање повеќе бодови од противникот. Судијата, исто така, може да ја запре борбата кога еден боксер е лошо удрен (технички нокаут или ТКО) или може да го дискфалификува боксерот поради нарушување на правилата и да му ја додели победа на неговиот противник.[1]

Боксот како тема во уметноста и во популарната култура

Боксот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

  • „Исхраната на боксерот“ — басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[2]
  • „Надежи и стравови за вас, прекрасни луѓе“ — краток расказ на македонскиот писател Марко Петрушевски.[3]
  • Тело и душа“ (англиски: Body and Soul) — американски филм од 1947 година, во режија на Роберт Росен.[4]
  • Шампион“ (англиски: Champion) — американски филм од 1949 година, во режија на Марк Робсон.[5]
  • Роки“ (англиски: Rocky) — американски филм од 1976 година, во режија на Џон Ејвилдсен.[6]
  • „Боксерот“ (англиски: The Boxer) — песна на американското дуо Пол Сајмон и Арт Гарфанкел од 1970 година.[7]
  • „Боксер“ — песна на македонската група Фолтин од 2012 година.[8]
  • „Боксерот“ (англиски: The Boxer) — песна на американската фолк-музичарка Емилу Харис (Emmylou Harris) од 1980 година.[9]

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.