Битка кај Сигет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битката кај Сигетвар или опсадата на Сигетвар се случила во 1566 година помеѓу силите на Хабсбуршката монархија на чело со хрватскиот бан Никола Шубиќ и силите на Османликсата империја на чело со султанот Сулејман I. Опсадата завршила со освојување на тврдината на градот од страна на Османлиите.
Битка кај Сигетвар | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Османлиски војни во Европа и Османлиско-хабсбуршки војни | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Хабсбуршка монархија
| Османлиско Царство |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Никола Шубиќ † | Сулејман I †
|
||||||
Сила | |||||||
2,300[1]-3,000[2] Хрвати и Унгарци[Note 1] | 100,000[3]-300,000[4][Note 2]
|
||||||
Жртви и загуби | |||||||
Сила;
| Сила; |
Заднина
Тврдината Сигетвер претставувала стратешка точка за османлискатѕа инвазија во Европа. Во тоа време, османлиската војска била засолнета во Будим и Белград. Претходно Османлиите пропуштиле да го заземат градот Егер. Доколку градот паднал, на Османлиите им се отворала можност бргу да стигнат до Загреб, кое би означувало и сигурно паѓање на Карловац и Вараждин. Со тоа, богатото Хрватско Загорје би станало мета на постојано ограбување од Османлиите, а градот Загреб би станал главно упориште на Османлиите во нивните обиди за освојување на јужните германски и северните италијански градови.
Битка
Во малата тврдина во денешниот град Сигетвар, хрватскиот бан и гроф Никола Шубиќ се припремал за одбана. Неговата армија била составена од хрватски, унгарски и германски војници. Сите војници одлучиле да не го напуштат градот додека не загине последниот војник. Од друга страна, Османлиите ја започнале опсадата со околу 100.000 војници и 200 топови, на чие чело раководил Сулејман I. Големиот визер Мехмед-паша Соколовиќ го советувал на султанот најпрвин да се зазеде Сигетвар, а потоа да се продолжи кон Токај. Султанот го послушал и одлучил на негова страна, но сепак погрешил. Османлиската војска во Битката кај Сигетвар ја изгубила својата голема моќ и покрај тоа што го зазеле градот. На страната на Османлиите загинале повеќе од 20.000 војници, од кои околу 7.000 јаничари. Самиот султан Сулејман I не го дочекал паѓањето на градот, бидејќи починал во неговиот камп на 5 септември 1566.
Наводи
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.