From Wikipedia, the free encyclopedia
Поморската битка кај Наварино се одвила на 20 октомври 1827, за време на Грчката војна за независност (1821-1832) во Наварино (денешен Пилос), на западниот брег од полуостровот Пелопонез, во Јонското Море. Од една страна биле комбинираната османлиска и египетска армија и силите на Велика Британија, Франција и Русија. Битката е позната по тоа што таа била една од последните поморски големи битки од историјата. Поголемата спремност и посовремените бродови придонеле за голема победа на европските сојузници.
Битка кај Наварино | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од the Грчка војна за независност | |||||||
Поморската битка кај Наварино (1827). |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска Кралство Франција Руска Империја | Османлиско Царство Османлиски вилает Египет Османлиски вилает Тунис |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Едвард Кодрингтон (Кралска морнарица (C-in-C) Хенри де Ригни Логин Геиден (Императорска руска морнарица) | Ибрахим Паша (C-in-C) Амир Тахир Паша (адмирал) Мохарам Бег Капитан Бег |
||||||
Сила | |||||||
10 борбени бродови 10 фрегати 4 brigs, 2 schooners | 3 борбени бродови 17 frigates 30 Воеи бродови 28 brigs, 5 schooners, 5/6 огнени бродови |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
181 мртви, 480 повредени Вкупно: 661 | 4,109 мртви или повредени |
Главен фактор кој предизвикал интервенција односно вклучување во војната на трите европски сили биле амбициите на Руската Империја своите територии да ги прошири кон регионот на Црно Море на сметка на Османлиското Царство. Од друга страна пак, овие амбиции на Русија, геостратешки, претставувале закана за другите европски сили. Велика Британија била насочена главно кон спречување на руската интервенција и проширување на нејзиното влијание во регионот. Во 1825 година, на рускиот престол застанал Николај I, кој поради меѓународната положба на европските сили решил да го засили влијанието на Русија на Балканите. Франција пак во војната се приклучила со цел да ја врати својата доминантна улога во Европа, по поразот во т.н. Наполеонови војни. И трите влади, во секој случај, биле под голем притисок и од страна на локалното мислење на нивните жители, особено по инвазијата на Пелопонез во 1825 година од страна на османлискиот вазал Ибрахим Паша од Египет и неговите злосторства употребени кон локалното грчко или христијанско население.
Пред да започне војната, трите европски сили се согласиле да потпишат договор. Така истиот бил потпишан во Лондон (Лондонски договор) во 1827 година, според кој на Грција требало да и биде дадено автономија, на чие чело повторно би стоел османлискиот султан. Истото не било прифатено од страна на Османлиите, кое пак резултирало со започнувањето на Битката кај Наварино. Војната резултирала со пораз на Османлиското Царство. Во почетокот биле преземени две воени интервенции од страна на Русија, кои интервенции претставуваат дел од руско-турските војни. По поразот на Османлиите пак, Французите ги принудиле и придружиле истите да се повлечат од централна и јужна Грција. По ова била објавена грчката независност. Во почетокот, Грција добила независност, но била задолжена да плаќа данок на султанот, но сепак тоа не се случило бидејќи од Грција целосно била протерена Османлиската војска.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.