![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/82/%25D0%2591%25D0%25B8%25D1%2581%25D1%2582%25D1%2580%25D0%25B0_%25D0%259C%25D0%259A_03.jpg/640px-%25D0%2591%25D0%25B8%25D1%2581%25D1%2582%25D1%2580%25D0%25B0_%25D0%259C%25D0%259A_03.jpg&w=640&q=50)
Бистра (планина)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бистра — планински венец во централниот дел од Западна Македонија. Поради богатството со растителен и животински свет, како и пријатната и лековита планинска клима, претставува туристички доста привлечна и привлечна, пружајќи услови за развој на зимскиот скијачки и летниот стационарен туризам. Издигната е помеѓу Кичевската Котлина на исток и течението на реката Радика од запад. Северната граница ја сочинува басенот на Мавровското Езеро и течението на Мавровска Река а јужниот, изворишниот дел на реката Треска со Ехловечка Река, превојот Јама со Јамска Река, Гарска Река, Мала Река сè до Бошков Мост.
Кратки факти Бистра, Највисока точка ...
Бистра | |
---|---|
![]() Поглед на Бистра | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2163 м |
Матичен врв | Меденица |
Географија | |
Место | ![]() |
Покраина | Западна Македонија |
Затвори
Планината зафаќа површина од 572,8 км2[1] од кои 483,8 со висина над 1.000 м и 4,8 км2 со висина над 2000 м.