Биологија
наука што ги изучува живите организми / From Wikipedia, the free encyclopedia
Биологија (од грчките зборови bios = живот и logos = наука) — наука за живите суштества и животот воопшто. Во потесна смисла, таа ги изучува одликите и поведението на организмите, нивното потекло и меѓусебни односи, како и односи со животната средина (биотопот), нивната морфолошко-анатомска организација како и нивниот биохемиско-физиолошки строеж.