Дводишалки
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дводишалките или белодробните риби (науч. Dipnoi) — поткласа на слатководни резноперкови риби. Дводишалките се најпознати по тоа што ги задржале примитивните одлики на коскените риби (во прв ред, присуството на жабри), но и по тоа што можат да дишат атмосферски воздух, како и по структурите кои се примитивни за резноперките (како месестите перки со добро развиен внатрешен скелет). Според ова, името на овие риби е сосем соодветно - тие дишат и со жабри, но и со бели дробови. Денес тие живеат само во Африка, Јужна Америка и Австралија. Иако ваквата распределба на прв поглед може да се објасни со раздвојувањето на големото копно од Мезозоикот - Гондвана - на трите наведени континенти, сепак, фосилните наоди укажуваат на многу широка распространетост, која по пат на изумирања е сведена на денешната. Се смета дека изумирањата на голем дел од дводишалките се случиле по раздвојувањето на Пангеа, Гондвана и Лавразија, соодветно.
Риби дводишалки (белодробки) Dipnoi Период: ран девон - денес | |
---|---|
Квинслендска дводишалка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Потколено: | ’Рбетници |
Класа: | Резноперки |
Поткласа: | Дводишалки Müller, 1844 |
Редови | |
Види во текстот. |