From Wikipedia, the free encyclopedia
Белградска арена е голема сала во Нов Белград наменета за спортски настани, концерти, саеми, конгреси и др.
Изградена е од 1991 година, а свеченото отворање било во 2004 год. Вкупната цена на изградбата достигнала до 70 милиони евра. Комплексот се состои од голема сала, мала сала и паркинг.
Белградската арена има површина од 48,000 квадратни метри, распоредени во 6 етапи. Сместивоста на арената се состои од 18,386 седишта[1] во зависност од настаните. Во салата има и 68 луксузни ложи, кои можат да примат 768 посетители, ВИП Салонот со 38 места може да се користи за конференција за новинарите.
Во салата може да се одржуваат натпреварувања во бокс, одбојка, кошарка, тенис, боречки вештини, ракомет, мал фудбал,уметничко лизгање, атлетика, гимнастика и коњички спортови.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.