Бацили (Bacilli) претставува класа на бактерии. Таа вклучува два реда, Bacillales и Lactobacillales, кои содржат неколку добро познати патогени како што е Bacillus anthracis (причинителот на антракс). Сите припадници на оваа класа се Грам-позитивни бактерии.[1]
Бацили | |
---|---|
Bacillus subtilis, боена по Грам | |
Научна класификација | |
Домен: | Bacteria |
Оддел: | Firmicutes |
Класа: | Бацили |
Редови и фамилии | |
|
Двосмисленост
Неколку сродни концепти го употребуваат истиот термин, бацили, што може да доведе до значителна забуна. Терминот "Bacillus" (во капитализирана и италик форма) се користи како име на род кој спаѓа во класата Bacilli (пример, Bacillus anthracis).
Зборот "bacillus" (или множина "bacilli", со мало b) се користи како генерички термин за да се опише морфологијата на било која бактерија со стапчеста форма. Овој општ термин не значи дека бактеријата е член на класа Bacilli или на родот Bacillus. Од друга страна, не сите членови на класата Bacilli имаат стапчеста форма (на пример, видовите на Staphylococcus се сферични), а има бактерии со стапчеста форма кои не припаѓаат на класата Bacilli (на пример, Clostridium kamina dalla kotta). Згора на тоа, општиот термин "bacillus" не мора да значи дека бактеријата се бои Грам-позитивно, што е заедничка особина на класата Bacilli. На пример, бактеријата E. coli има стапчеста форма за која може да се употреби терминот "bacillus", но таа се бои Грам-негативно и не припаѓаат на родот Bacillus ниту на класата Bacilli.
Филогенија
Моментално прифатената таксономија е врз основа на Списокот на имиња на прокариотите со евиденција во номенклатурата (анг. List of Prokaryotic names with Standing in Nomenclature - LPSN)[2][3] додека филогенијата се заснова на 16S рРНК-заснованото LTP ослободување 106 од Проектот "Животно дрво на сите видови" (анг. The All-Species Living Tree Project).[4]
Bacilli |
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Некласифицирани Bacillales
- Alkalilactibacillus ♠ Schmidt et al. 2007
- Alkalilactibacillus ikkense ♠ Schmidt et al. 2007
- Dehalobacterium ♠ Magli et al. 1996
- Dehalobacterium formicoaceticum ♠ Magli et al. 1996
- Pseudobacillus ♠ Gomez 1999
- Pseudobacillus carolinae ♠ Gomez 1999
- Trigonala ♠ Zhang et al. 2006
- Trigonala elaeagnus ♠ Zhang et al.
- Trigonala elaeagnus ♠ Zhang et al.
Забелешки: ♠ Видот се наоѓаа во NCBI, но не е наведен во LPSN.
Bacilli (продолжение)
Bacilli part 2 |
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.