From Wikipedia, the free encyclopedia
Вартоломејска ноќ или Масакрот на Св. Вартоломеј (фран. Massacre de la Saint-Barthélemy) бил планирана низа на убиства кои се случиле во ноќта на 23 август 1572, но потоа ескалирал во неколкудневен масакр од католиците врз хугенотите (протестантите) во Франција, во текот на меѓусебните религиозни војни.
Се верува дека масакрот бил инспириран од мајката на кралот Шарл IX, Катерина де Медичи. Масакрот започнал само 6 дена по венчавката на нејзината ќерка и католичка Маргарита де Валоа со протестантот Анри IV. Се сметало дека овој брак ќе ги смири религиозните тензии во Франција, и по повод на венчавката во претежно католичкиот Париз биле собрани многу протестантски аристократи.
Но, по обидот за убиство на Адмиралот Колињи четири дена по венчавката, кој бил застрелан во Париз од прозорците на некоја куќа, тензиите помеѓу хугенотите и католиците повторно ескалирале. Поради ова, кралот Шарл IX и мајка му Катерина де Медичи дури се плашеле и од побуна и преврат на хугенотите, кои заземале високи позиции во дворот и во аристократијата. За да го спречи тоа, кралот, веројатно поттикнат од мајка му и други дворски советници, ѝ наредиле на кралската швајцарска гарда да го убие Адмиралот Колињи и сите водечки хугеноти, и тоа во координирана акција во текот на ноќта пред Свети Вартоломеј.
Водачите на хугенотите биле убиени, но насилствата ескалирале во сеопшта чистка врз хугенотите, најпрво во Париз, а во текот на следните денови и ширум Франција. Конечниот исход бил помеѓу 5.000 и 30.000 убиени (не постои точен извор) и пад на протестантското движење во Франција.[2] Исто така, односите помеѓу католичките и протестантските европски земји се радикализирале поради суровата религиозна пресметка во Франција.[3]
Престолонаследникот Анри IV се преобратил во католик, што му го спасило животот, но потоа повторно се преобратил во протестант, а потоа уште еднаш се преобратил во католик во 1593 за да ја наметне својата кралска власт врз Париз, велејќи дека Париз е доволно вреден за една миса (фран. Paris vaut bien une messe). Сепак, бил убиен од некој страствен католик во 1610 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.