Ацтеки
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ацтеки или Ацтеци — народи централно Мексико, односно оние групи кои зборуваат ацтечки јазик (наватл). Од XII век, долината на Мексико претставувало јадро на Ацтечката цивилизација. Таму се наоѓала и престолнината на Ацтеките, Теночтитлан. Денешниот град, Мексико, се наоѓа врз некогашниот Теночтитлан.
- За други значења на поимот и изведени придавки од истиот видете ја страницата за појаснување.
Ацтеки | |||
---|---|---|---|
Ацтечки сончев централен диск | |||
Вкупен број на населението | |||
1.652.000 |
|||
Региони со значително население | |||
| |||
Јазици | |||
ацтечки | |||
Религии | |||
ацтечка католицизам | |||
Поврзани етнички групи | |||
Ацтеките се староседелски американски народ кој претежно живее во Мексико. Голем број од денешните Ацтеки се со католичка вероисповед, но има и такви кои го сочувале своето традиционално верување во повеќе богови. Вкупниот број на Ацтеки во светот е 1.652.000.
Во својот врвен расцут, ацтечката култура била богата со митолошки и религиозни традиции, како и со забележителни архитектурни градби и уметнички дела. Особено традиционален елемент од ацтечката култура е принесувањето на човечки жртви. Во 1521 година, со шпанската колонизација на Америка, Ернан Кортес, заедно со голем број на локални сојузници го освоиле Тенохтитлан и ја поразиле Ацтечката Империја која тогаш била под раководство на Монтезума II.