From Wikipedia, the free encyclopedia
Гази Ахмед Мухтар-паша (турски: Ahmet Muhtar Paşa; 1 ноември 1839 – 21 јануари 1919) — отомански голем везир и генерал.
Гази Ахмед Мухтар-паша | ||
Роден | 1 ноември 1839
Бурса, Отоманско Царство, денес Турција | |
---|---|---|
Починал | 21 јануари 1919
Истанбул, Отоманско Царство |
Роден е во Бурса во Турција, а се школувал во воената школа во Цариград. Во краток период бил професор а потоа станал и директор на училиштето.
Во 1856 служел како аѓутант во Кримската Војна, во 1862 како офицер за време на Црногорската кампања, а од 1870 до 1871 учествувал во задушувањето на востанието во Јемен. Во 1873 станал команант во Вториот Армиски Корпус и ги добива титулите „паша“ и „Маршал“. За време на востанието во Босна и Херцеговина во 1875 тој ја презел контролата врз тамошните турски сили; а во 1877 во Руско-турската војна е пратен во провинцијата Ерзурум. И покрај поразите на Османлиското Царство, победите на Мухтар на источниот фронт му ја донеле титулата „Гази“ („Победникот“).
Во 1879 г. бил назначен за команант на турската гранична војска на грницата со Грција, а потоа во 1885 пратен во Египет како висок турски службеник. Неговото последно унапредување било унапрдувањето во Голем Везир во јули 1912, но тој се откажал од истата на 29 октомври 1912 поради избувнувањето на Првата балканска војна во која под негово раководство Османлиското Царство претрпела големи порази.
Починал во Истанбул во 1919. Неговиот син Махмуд Мухтар-паша исто така бил старешина во Отоманската Морнарица.
Претходник Ќучук Мехмед Саид-паша |
Голем везир 1912 |
Наследник Кибрисли Мехмед Ќамил-паша |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.