Аси
група од главните богови во нордиската митологија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Аси — еден од двата клана богови во скандинавската митологија. Другиот клан се Ваните. Асите се воини, за разлика од Ваните кои се поврзани со плодноста, мудроста и предвидување на иднината. Асите долго војувале со Ваните, додека двата клана не се умориле од војување. Одлучиле да склучат мир и да разменат богови како залог за мир. Ваните на Асите им го испратиле Њорд и неговите деца Фрејр и Фреја, а Асите на Ваните им ги пратиле Хенир и Мимир.