From Wikipedia, the free encyclopedia
Аркадиј и Борис Стругацкие (браќа Стругацки) — браќа Аркадиј Натанович (28 август 1925 - 12 октомври 1991 ) и Борис Натанович (15 април 1933 - 19 ноември 1991 [1]) се веројатно најпознатите писатели на советска [научна фантастика] широко распространета заедница на читатели. Нивните рани дела биле под влијание на Иван Ефремов. Нивниот познат роман „Пикник крај патот“ (или „Пикник на работ“ - нема официјален превод на македонски) бил преведен на англиски во 1977 година и според него Андреј Тарковски го снимил филмот Сталкер.
Дел од нивните дела се преведени на германски, француски, англиски и италијански, но не го добиле истото ниво на пофалба од критиката како изданијата на руски. Браќата Стругацки, од друга страна, биле и сè уште се популарни во многу земји, како Полска, Унгарија, земјите од бивша Југославија, Бугарија и Германија.
Други познати дела им се романите „Тешко е да се биде бог“ (во Македонија се продаваа српските изданија на Просвета и едицијата Кентаур под наслов „Тешко је бити бог“), „Гол полжав на падината“, „Хотел ’Кај погинатиот алпинист‘“, „Понеделник почнува во сабота“ и др.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.