Арапско Море — големо море во северозападниот дел на Индискиот Океан, крај југозападните брегови на Азија. Се граничи со Арапскиот Полуостров на исток, Иран и Пакистан на север и Индија на запад. Излез на оваа море имаат Иран, ОАЕ, Оман, Јемен, Џибути, Сомалија, Индија и Пакистан. Плоштината на морето изнесува 3,86 милиони км2, со максимална длабочина од 5.803 м. Во Арапското Море се влeва реката Инд.
Арапско Море | |
---|---|
Поглед на Арапско Море | |
Координати | 18°N 66°E |
Најг. ширина | 2.400 км км |
Површина | км2 | 3,862,000 км2
Најг. длабочина | 4.652 м м |
Граници
Според Меѓународната хидрографска организација, Арапското Море ги има следниве граници:[1]
На запад Источната граница на Аденскиот Залив [меридијанот на ’ртот Гвардафуј (Асир, 51°16' ИГД)].
На север. Линија што го поврзува ’ртот ел-Хад, источниот крај на Арабија (22°32' СГШ) со ’ртот Џивани (61°43' ИГД) на брегот на Пакистан.
На југ. Линија од крајната јужна точка на атолот Аду (Малдиви), до крајната источна точка на ’ртот Хафун (Африка, 10°26' СГШ).
На исток. Западната граница на Лакадивското Море [Линија што се протега од Садашивгад на западниот брег на Индија (14°48′N 74°07′E) до Корадив (13°42′N 72°10′E), а оттаму долж западната страна на Лакавискиот и Малдивскиот Архипелаг со најјужната точка на атолот Аду во Малдивите].
Поважни острови
Поголеми острови во Арапското Море се (по големина):
Поврзано
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.