![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/8a/Aras-02.jpg/640px-Aras-02.jpg&w=640&q=50)
Аракс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аракс е една од најголемите реки во регионот Закавкази во југозападна Азија. Извира од подножјето на планината Бинѓол во близина на градот Ерзарум во Турција, а се влева во реката Куру во близина на градот Цабирабада во Азербејџан. Вкупната должина на реката е 1 072 км, а површината на сливот е 102 000 км2. Протекува низ 4 држави: Турција, Ерменија, Иран и Азербејџан. Реката до 1991 година ја претставувала јужната граница на Советскиот Сојуз со Турција и Иран. Во своите дела Аракас ја споменуваат и античките патописци, како Херодот, Вергилиј и Страбон. СПоред некои таа одговара на реката Гихон која се споменува во Библијата. Реката Аракс во почетокот на XIX век била одредена како граница помеѓу Русија и Персија.
Кратки факти Аракс, Местоположба ...
Аракс | |
---|---|
![]() | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Река Куру |
Должина | 1 072км |
Особености на сливот |
Затвори