From Wikipedia, the free encyclopedia
Аналогната (или аналоген прием) телевизија — аналогниот пренос што го вклучува емитувањето на кодирани аналогни аудио и видео сигнали тоа е еден од начините на кој може да се пренесе информацијата. Осветленоста и бојата на точките на сликата и звучните бранови од аудио сигналот се претставени со последователни варијации на некои од елементите на сигналот; неговата амплитуда, честотата или фазата. Сите претходни системи за емитување на дигитален пренос на дигиталната телевизија (ДТВ) беа системи кои користеа аналогни сигнали. Аналогната телевизија може да биде безжична или може да биде со бакарна жица која ја користат кабелските.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Главна статија: Историја на телевизијата
Најраните механички телевизиски системи користеле ротирачки дискови кои биле со дупки на дискот за да “прикажат” слика. Сличен диск што ја реконструира сликата кај примачот. Синхронизацијата на дискот примател кој врти се ракува преку синхронизирани пулсови емитувани со информацијата од сликата. Сепак овие механички системи биле спори, сликите биле темни и понекогаш трепереле, и резолуцијата на сликата била многу ниска. Системите за камера користеле слични ротирачки дискови и имале потреба од интензивна светлина за осветлување на предметот за да работи детекторот за светлина.
Аналогната телевизија не станала индустрија сè до развојот на електролитната-зраковна цевка (ЕЗЦ), која користи управуван електронски зрак за да “пишува” линии од електрони преку обложената површина со фосфор. Зракот од електрони може да помине преку екранот многу побрзо од било кој систем за механички диск. Овозможувајки многу потесно скенирање на линии и многу повисока резолуција на сликата, додека бавно бледеат одстранетите фосфорни ефекти на трепкање на сликата. Исто така, многу помалку одржување е потребно на сите електронски системи во споредба со системот на ротирање на дискот.
Дополнителни информации: Емитување на телевизиски системи
Телевизиите користат аналогни телевизиски системи за да го кодираат нивниот сигнал користејки КНТС,СФЛА или “SECAM” аналогно кодирање, а потоа користи “RF” прилагодување за да го прилагоди овој сигнал на многу висока честота (МВФ) или ултрависока честота (УВФ). Секој кадар на телевизиската слика е составен од линии нацртани на екранот. Линиите се од различни светлини; целиот сет на линии се подготвени доволно брзо така што човечкото око ги гледа како една слика. Следниот кадар е прикажан, со тоа што се овозможува приказ на движење. Аналогниот телевизиски сигнал содржи време и синхронизација на информациите, така што примателот може да реконструира две-димензионални подвижни слики од едно-димензионален променлив-временски сигнал.
Во многу земји, безжично емитување на аналогни аудио и видеосигнали се прекинати, за да се овозможи повторна употреба на телевизиското емитување на радио спектарот за други услуги, како што се снимање на податоци и подканали. Првите комерцијални телевизиски системи биле црно-бели. А почетокот на телевизијата во боја беше во 1950те.
Практичен телевисзиски систем треба да преземе светлост, хромност( во боја систем), синхронизација( хоризонтална и вертикална), и аудио сигнали кои ги емитува преку радио пренос. Системот за пренос мора да содржи средства за селекција на телевизиските канали.
Системите за емитување на аналогни телевизиски системи доагаат во различни кадри и различни резолуции. Понатаму исто така постојат разлики во зачестеноста и прилагодувањето на аудио предавателот. Еднобојните комбинации кои сè уште постојат во 1950те се стандардизирани од страна на Меѓународната унија за телекомуникации (МУТ) како големи букви од А до Н.
Кога беше воведена телевизијата во боја, информации беа внесени во нијансата и заситеноста во монохроматските сигнали на начинот кој го игнорираат црно-бело телевизиите. На овој начин беше постигната компатибилност. Тој концепт важи за сите аналогни телевизиски стандарди.
Сепак постојат три стандарди за начинот на дополнителни информации во боја да бидат кодирани и пренесени. Првиот е американскиот КНТС( Комитетот за националниот телевизиски систем) телевизиски систем во боја. Европско/Австралискиот СФЛА(Стапка на фазна линиска алтернација) и францускиот поранешен Светски Сојузен “SECAM (Séquentiel Couleur Avec mémoire)” стандарди беа развиени и подоцна се обидоа да поправат одредени недостатоци на системот КНТС. Кодирањето на бојата на СФЛА е слична на КНТС системите. “SECAM” иако користи поразилчен прилагодувачки систем од СФЛА или КНТС.
Во принцип сите три кодирани системи за боја можат да бидат комбинирани во комбинација од било која стапка на скенирање на линија/кадар. Затоа, со цел да се опише даден сигнал целосно, неопходно е да се нагласи системот во боја и стандардот за емитување како голема буква. На пример САД користи КНТС-М, Велика Британија го користи СФЛА-И, Франција го користи “SECAM-L” , голем дел од Западна Европа и Австралија користат СФЛА-б/г, повеќето од Источна Европа користи СФЛА-Д/К или “SECAM-D/K” и така натаму. Сепак, не сите овие можни комбинации всушност постојат. КНТС во моментов се користи само со системот М, иако имаше експерименти со КНТС-А (405 линии) и КНТС-И (625 линии) во Велика Британија. СФЛА се користи со различни 625-линиски стандарди (Б,Г,Д,К,И,Н) но исто така и со Северно Американскиот 525-линиски стандард, поточно наречен СФЛА-М. Исто така, “SECAM” се користи со разновидни 625-линиски стандарди. Поради оваа причина многу луѓе алудираат на било кој 625/25 тип на сигнал како што е СФЛА и исто така и на било кој 525/30 сигнал како што е КНТС, дури и кога алудираат на дигитални сигнали како на пример, на ДВД-Видео кое не содржи никакво аналогно кодирање во боја, на коишто ниту СФЛА ниту КНТС имаат сигнали воопшто. Иако оваа употреба и е нешто заедничко, тоа е недоразбирање бидејќи тоа не е оригиналното значење на термините “PAL/SECAM/NTSC”. Иако голем број на различни системи за телевизиско емитување биле употребувани низ целио свет, истите принципи на работење се применуваат.
Електролитната-зраковна цевковен (ЕЗЦ) телевизор прикажува слика со скенирање на зрак на електрони преку екранот во шема на хоризонтални линии познат како растер. На крајот на секоја линија зракот се враќа на почетокот на следната линија, на крајот на последната линија постои врска која се враќа на врвот од екранот. Како што поминува секој момент интензитетот на зракот се променува, се променува светлината на таа точка. Телевизискиот систем во боја е идентичен, освен ако дополнителен сигнал познат како хроматски ја контролира бојата на самото место. Кога аналогната телевизија бесе развиена, немало прифатлива технологија за складирање на какви било постоечки видеосигнали; јачината на сигналот треба да биде обработен и пренесен во исто време во кое е прикажано “CRT”. Затоа е важно да се задржи растер скенирањето во камерата ( или друг уред за производство на сигнал) во иста синхронизација со скенирањето на телевизија.
Физиката на “CRT” бара конечен временски интервал да биде дозволено за локацијата да се врати назад на почетокот на наредната линија (хоризонталн враќање) или почетокот на екранот (вертикално враќање). Тоа мора да биде дозволено од времето на јачината на сигналот. Човечкото око има одлика Упорност на визија. Брзото прикажување на набљудуваните слики ќе им овозможи очигледна илузија на движење. Треперењето на сликата може да биде делумно решено со користење на долг фосфорен слој од одпорници на “CRT”, така што последователните слики изчезнуваат бавно. Сепак, спориот фосфор има и негативни ефекти предизвикувајки ја сликата да се замачкува и замаглува кога постои голема количина на брзи движења на екранот. Максималниот кадар зависи од пропусниот опсег на електрониката и на преносниот систем, и од бројот на хоризонталните скенирани линии во сликата. Стапката на кадарот од 25 или 30 херци е задоволителен компромис, додека процесот на вкрстување на две видео полиња на сликата во кадарот се користи да се создаде сликата. Овој процес удвојува одреден број на видео полиња во секунда и понатаму се намалува треперењето и другите дефекти во преносот.
Други видови на дисплеј екрани Плазма екраните и LCD екраните се користат во аналогните теливизиски уреди. Овие типови на дисплеј екрани користат помали напони од постарите CRT дисплеи. Многу телевизиски приемници со двоен систем, опремени да примаат аналоген пренос и дигитален пренос имаат аналоген тјунер (телевизија) способност за примање и мора да користат телевизиска антена.
Теливизискиот систем на секоја земја има одреден број на телевизиски канали во UHF или VHF фрквенциски опсег. Каналот всушност се состои од два сигнали: информацијата за сликата се пренесува со користење на амплитудна модулација на една честота, а звукот се пренесува со честотна модулација на честота со фиксно отстапување (типично 4.5 до 6 MHz) од сигналот на сликата. Избраните честоти за канали претставуваат компромис помеѓу дозволување доволно опсег за видео (сликата да има задоволителна резолуција), и дозволување доволно канали да бидат спакувани во расположлив честотен опсег. Во пракса техниката позната како атрофиран опсег се користи да се намали растојанието помеѓу каналите, кое би било најмалку двапати поголемо од видео опсегот ако се користи чиста амплитудна модулација. Приемот на сигнали секогаш се врши преку суперхетеродински приемник: првата фаза е приемник кој избира телевизиски канал и честотата го префрла на фиксна средна честота (IF). Засилувач на сигнал (од опсег на микроволт до делови од Волт) врши засилување на IF фази.
Во оваа фаза IF сигналот се состои од бран на видеоносач на една честота и втор носач со фиксно отстапување. Демодулаторот го враќа видео сигналот и звукот како честотно модулиран сигнал на честотата на отстапувањето (ова е познато како меѓуносач на звук) . Тогаш честотно модулираниот носач на звук се демодулира, засилува, и се пушта на звучник. Сè до појавата на NICAM и MTS системите, телевизиската трансмисија на звук била монофонична.
Видеоносачот се демодулира за да даде композитен видеосигнал, тој содржи светлост, хроминанса и сигнали за синхронизација; ова е идентично со форматот на видеосигнал кој се користи од страна на аналогни видеоуреди како видеорекордери или CCTV камери. Треба да се забележи дека RF модулацијата на сигналот е спротивна во однос на конвенционалната амплитудна модулација: минимално ниво на видеосигнал одговара на максималната амплитуда на носачот, и обратно. Носачот никогаш комплетно не се исклучува, тоа е за да се осигура дека звучна демодулација на носачот сè уште може да се случи. Секоја линија од сликата што се прикажува на екранот се пренесува со користење на сигнал како што е погоре прикажано. Истиот основен формат (со минимални разлики главно поврзани со времето и кодирањето на бојата) се користи за PAL, NTSC и SECAM телевизиски системи. Монохроматскиот сигнал е идентичен со сигналот во боја, со исклучок дека елементите прикажани со боја во дијаграмот (информација за бојата и сигналот за хроминанса) не се присутни. Предниот трем е краток (околу 1.5 микросекунда) период кој се вметнува помеѓу крајот на секоја пренесена линија на сликата и синхронизираниот импулс на водечкиот раб од следната линија. Неговата намена е да дозволи стабилизирање на нивоата на напоните на постарите телевизори штитејќи интерференција помеѓу линиите на сликата. Предниот трем е првата компонента од хоризонталниот интервал за бришење кој исто така содржи хоризонтален синхронизиран импулс и заден трем. Задниот трем е дел од секоја скенирана линија помеѓу крајот (ивицата на растење) на хоризонтално синхронизираниот импулс и почетокот на активниот видеосигнал. Тој се користи за да ја врати референцата на црното ниво (300 mV.) во аналогното видео. Во поглед на обработка на сигналот, тој компензира за времето на пад и за времето на стабилизација кои следат по импулсот за синхронизација. Во телевизиските системи во боја како PAL и NTSC, овој период исто така вклучува сигнал за информација за боја. Во SECAM системот содржи референца за подносачот за секој последователен сигнал за разлика на боја со цел да се постави референцата за нула-боја. Во некои професионални системи, посебно во сателитските врски помеѓу локациите, аудиото е вгнездено во задниот трем на видео сигналот, за да се заштеди трошокот од изнајмување на втор канал. Одделување на монохроматски видеосигнал Компонентата на светлина на композитен видео сигнал варира помеѓу 0 V и околу 0,7 V над "црното" ниво. Во NTSC систем, постои ниво на бришење на сигналот кое се користи за време на предниот трем и задниот трем, и ниво на црн сигнал 75 mV над него, во PAL и SECAM тие се идентични. Во монохроматски приемник сигналот за светлина се засилува за да ја активира контролната мрежа во електронскиот пиштол на катодната цевка. Ова го менува интензитетот на електронскиот сноп и со тоа се скенира светлината на точката. Контролите за светлина и контраст ги одредуваат DC промената и засилувањето соодветно.
Сигналот во боја пренесува информација за слика за секоја црвена, зелена и сина компонента на сликата (видете ја статијата за простор на боите за повеќе информации). Сепак, тие не се пренесуваат едноставно како три одделни сигнали, затоа што: • Таков сигнал нема да биде компатибилен со монохроматски приемници (важен предвид кога емитувањето во боја било за првпат воведено); • ќе зафаќа трипати поголем опсег од постоечката телевизија, барајќи намалување на бројот на расположливи телевизиски канали, и • типичните проблеми со преносот на сигналите (како различните примени нивоа на сигнали помеѓу различни бои) ќе предизвикаат непријатни несакани ефекти. Наместо тоа, RGB сигналите се претвораат во YUV-облик, каде Y сигналот ја претставува севкупната светлина и може да се пренесе како сигнал за осветлување. Ова обезбедува дека монохроматскиот приемник точно ќе ја прикаже сликата. U и V сигналите се разликата помеѓу Y сигналот и B и R сигналите соодветно. U сигналот претставува колку е “сина” бојата, а V сигналот колку е “црвена”. Предноста на овој пристап е тоа што U и V сигналите се нула кога сликата не содржи боја, U и V сигналите може да се емитуваат на релативно лесен (конкретно со ограничен пропусен опсег) начин со прифатливи резултати. Во NTSC и PAL колор системите, U и V се пренесуваат со додавање на подносач на боја на основниот видеосигнал, и со примена на квадратурна амплитудна модулација врз него. За NTSC, подносачот вообичаено е на околу 3.58 MHz, но за PAL системот тој е на околу 4.43 MHz. Овие честоти се во опсегот на сигналот за осветлување, но нивните вредности се одбрани така што тие се на средина помеѓу двата хармоници од стапката на повторување на хоризонталната линија, обезбедувајќи дека поголемиот дел од моќта на сигналот за осветлување не се поклопува со моќта на сигналот за хроминанса.
Во Британски PAL (D) систем, точната вредност за централната честота на хроминанса е 4.43361875 MHz, што е повеќе од стапката на скенирање на честота. Оваа честота е одбрана за да се минимизира интерференцијата на хроминансата која што е видлива во области со големо заситување на боја во емитуваната слика. Двата сигнали (U и V) ја модулираат амплитудата и фазата на носачот на боја, па за да се демодулираат неопходно е да се има референтен сигнал со кој ќе се врши споредба. Заради ова, краток фрагмент на референтен сигнал познат како колор фрагмент се емитува за време на задниот трем (период на повторна трага) на секоја скенирана линија. Референтниот осцилатор во приемникот се поврзува со овој сигнал (видете фаза-поврзана јамка) за да се постигне референца на фаза, и ја користи неговата амплитуда за поставување на AGC систем за да се постигне амплитудна референца. U и V сигналите тогаш се модулираат со филтрирање на пропусниот опсег за да се добие подносачот на боја, мешајќи го со сигналите во фаза и квадратурните сигнали од референтниот осцилатор, и нископропусно филтрирање на резултатите. NTSC го користи овој процес без модификации. За жал, ова често резултира во слаба репродукција на боја заради грешките во фазата на примениот сигнал. PAL D (со задоцнување) системот го корегира ова со враќање на фазата на сигналот на секоја последователна линија, и со наоѓање на просечна вредност на резултатите од паровите на линии. Овој процес се постигнува со употребата на 1H (каде H = честота на хоризонтално скенирање) траење на линијата на доцнење. (Едно типично коло употребено со овој уред го претвора нискочестотниот сигнал за боја во ултразвучен звук и повторно го враќа назад). Заради тоа грешките од промена на фазата помеѓу последователните линии се елиминираат и посакуваната амплитуда на сигналот се зголемува кога два сигнали во фаза (коинцидентни) се рекомбинираат. Во SECAM телевизискиот систем, U и V се емитуваат на алтернативните линии, користејќи едноставна честотна модулација на два различни подносачи на боја. Во аналогните CRT дисплеи во боја, сигналот за контрола на светлина (осветленост) се предава на катодните врски на електронските пиштоли, и сигналите за разлика во бојата (сигналите за хроминанса) се предаваат на врските на контролните мрежи. Оваа едноставна техника со мешање на матрици била заменета во подоцнежните цврси дизајни за обработка на сигнали.
Синхроните импулси додадени на видеосигналот на ктајот од секоја скенирана линија и видеорамка обезбедуваат дека осцилаторите за прочистување во приемникот остануваат заклучени во чекор со емитуваните сигнали, така што сликата може да се реконструира на екранот на приемникот. Колото на синхрониот сепаратор ги детектира синхроните нивоа на напон и ги класифицира импулсите во хоризонтална и вертикална синхронизација. (погледнете го долното поглавје – или други технички информации за повеќе детали) Хоризонтална синхронизација Импулсот за хоризонтална синхронизација (HSYNC), ги одделува скенираните линии. Хоризонталниот сигнал за синхронизација е единствен краток импулс кој го означува почетокот на секоја линија. По него следи остатокот од скенираната линија, со сигнал помеѓу 0.3 V (црн) до 1 V (бел), сè до следниот хоризонтален или вертикален импулс за синхронизација. Форматот на импулсот за хоризонтална синхронизација варира. Во NTSC системот со 525 линии тоа е импулс кој трае 4.85 µс на 0 V. Во PAL системот со 625 линии импулсот е 4.7 µс долг синхронизациски импулс на 0 V. Ова е пониско од амплитудата на кој било видеосигнал (поцрно од црно) така што може да се детектира од чувствителното на ниво коло наречено “синхрон разделувач” во приемникот.
Вертикалната синхронизација (VSYNC) ги одделува видеополињата. Во PAL и NTSC, импулсот на вертикална синхронизација се случува во вертикалниот интервал на бришење. Импулсите на вертикална синхронизација се прават со зголемување на должината на HSYNC импулсите по речиси целата должина на скенираната линија. Сигналот на вертикална синхронизација е серија од многу подолги импулси, означувајќи го почетокот на ново поле. Импулсите за синхронизација го зафаќаат целиот линиски интервал од бројот на линии на почеток и крај од скенирањето; не се емитува информација за слика за време на вертикално враќање. Секвенцијата на импулси е дизајнирана така за да дозволи продолжување на хоризонталната синхронизација за време на вертикалното враќање; исто така укажува дали секое поле претставува еднакви или различни линии во испреплетените системи (зависно од тоа дали започнува од почетокот на хоризонтална линија, или од средината). Форматот на таков сигнал во 525 линиски NTSC е: • претходно изедначување на импулсите (6 да започне скенирање на различни линии, 5 да започне скенирање на еднакви линии) • долги синхронизациски импулси (5 импулси) • пост изедначување на импулси (5 да започне скенирање на различни линии, 4 да започне скенирање на еднакви линии) Секој импулс за претходно или пост изедначување содржи половина скенирана линија на црн сигнал: 2 µс на 0 V, следено со 30 µс на 0.3 V. Секој долг импулс за синхронизација се состои од импулс за изедначување со инвертирани времиња: 30 µс на 0 V, следено со 2 µс на 0.3 V. Во видеопродукцијата и компјутерската графика, промените на сликата често се одржуваат во чекор со импулсот за вертикална синхронизација за да се избегне видлив дисконтинуитет на сликата. Бидејќи видеомеморијата на графичкиот компјутерски дисплеј ја емитира динамиката на дисплејот со катоден зрак, се ажурира со нова слика додека сликата се емитува кон дисплејот, екранот прикажува мешавина од двете рамки, придонесувајќи за делумно откинување на страницата под сликата. Вертикалната синхронизација го елиминира ова бидејќи содржината на временската видеомеморија се совпаѓа со вертикалниот интервал на бришење, што обезбедува само цели рамки да се гледаат на екранот. Софтверот како видеоигрите и компјутерските алатки за дизајн (CAD пакетите) често дозволуваат вертикалната синхронизација да биде опционална, бидејќи го забавува ажурирањето на сликата за време на вертикалниот интервал на бришење. Ова предизвикува мало доцнење, бидејќи програмата мора да чека додека видеоконтролерот не заврши со емитување на сликата на екранот пред да продолжи понатаму. Тројното баферирање значително го намалува ова доцнење. Дефинирани се два временски интервали – предниот трем, помеѓу крајот на прикажаното видео и почетокот на импулсот за синхронизација, и задниот трем, по импулсот за синхронизација и пред прикажаното видео. Ова, како и самиот импулс за синхронизација се нарекува интервал на хоризонтално бришење (или враќање) и го претставува времето за кое електронскиот зрак во CRT се враќа на почетокот на следната линија за приказ. Хоризонтално и вертикално задржување Недостигот на компоненти за прецизна синхронизација во првите телевизиски приемници значело дека на временски заснованите кола повремено им било потребно рачно прилагодување. Ова прилагодување се вршело со командите за хоризонтална задршка и вертикална задршка, кои вообичаено биле поставени на задната страна од телевизиските уреди. Загубата на хоризонталната синхронизација вообичаено резултира со лоша слика; загубатата на вертикалната синхронизација предизвикува движење на сликата нагоре и надолу по екранот.
Од крајот на 2009 година, десет земји го завршиле процесот за исклучување на аналогното емитување. Многу други земји имаат планови да го сторат истото, или пак се во процес на изведба на реализација. Првата земја која направила целосно префрлање на дигитално безжично емитување била Луксембург во 2006, следена од Холандија подоцна во истата година; во 2007 од Финска, Андора, Шведска и Швајцарија; во 2008 од Белгија (Фландрија) и Германија; во 2009 од САД (моќни станици – оние важните), јужна Канада, Островот на Човекот, Норвешка и Данска. Во 2010 Белгија (Валонија), Шпанија, Велс, Латвија, Естонија, Каналските Острови, Сан Марино и Словенија; во 2011 Израел, Австрија, Монако, Шкотска, Кипар, Јапонија (со исклучок на областите Мијаги, Иват и Фукушима), Малта и Франција; во 2012 со Чешка, Арабските Земји, Тајван, Португалија, Јапонија (вклучувајќи ги областите Мијаги, Иват и Фукушима), Србија, Италија, Канада, Маурициус, Англија, Северна Ирска, Република Ирска, Литванија, Словачка, Гибралтар и Јужна Кореја завршува транзицијата. Обединетото Кралство ја направило транзицијата кон дигитална телевизија помеѓу 2008 и 2012, со исклучок на Кумбрија, која го направила префрлањето во 2007 година. Во САД, високо моќните безжични преноси се исклучиво во ATSC дигитален формат од 12 јуни 2009 година, датум кој Федералната Комисија за Комуникации (FCC) го поставила како краен за сите високо моќни аналогни телевизиски емитувања. Како резултат на тоа, речиси два милиони домаќинства не можеле повеќе да гледаат телевизија бидејќи не биле подготвени за преодот. Префрлањето првично било закажано за 17 февруари 2009, сè додека Конгресот на САД не го усвоил актот за одложување. Со посебни распределби, некои аналогни телевизиски сигнали запреле на оригиналниот датум. Додека повеќето од гледачите на безжично емитуваната телевизија во САД гледаат станици со полна работна моќ (чиј број изнесува околу 1800), постојат три други категории на телевизиски станици во САД: станици со ниска работна моќ за емитување, станици од Класа А и станици за телевизиско преведување. Во моментов не постои краен рок за овие станици, кои ги има околу 7100, за префрлање на дигитално емитување Во емитувањето, што и да се случи во САД, исто така влијае на јужна Канада и северно Мексико, бидејќи овие области се покриени со теливизиски станици од САД. Во Јапонија, префрлањето на дигитална телевизија се случило на 24 јули 2011 (со исклучок на областите Фукушима, Иват и Мијаги, каде префрлањето било одложено за една година заради компликациите од земјотресот во Тохоку и цунамито во 2011 година). Во Канада било закажано да се случи на 31 август 2011. Кина префрлањето го закажала за 2015. Во Обединетото Кралство има закажано различни термини за префрлање за различни делови од земјата. Како и да е, Обединетото Кралство треба да се префрли на дигитална телевизија до 2012 година. Во поголемите градови во Бразил, префрлањето на дигитална телевизија се случило на 2 декември 2007 година, и се пресметува дека ќе бидат потребни седум години за да се комплетира префрлањето во целата земја. Во Австралија аналогните телевизии се исклучуваат во етапи, мрежа по мрежа, регион по регион, помеѓу 2010 и 2013 година. Во Малезија, Малезиската Комисија за Комуникации и Мултимедија (MCMC) распишала тендер за понуди кои требало да бидат поднесени во третата четвртина од 2009 година за UHF алокација помеѓу 470 и 742 MHz, за малезискиот систем на емитување да се префрли на дигитална телевизија. Доделувањето на новиот пропусен опсег ќе предизвика Малезија да мора да изгради инфраструктура за сите емитувачи, користејќи единствен дигитален земен пренос / канал за емитување дигитална телевизија. Големи делови од Малезија се покриени со емитувања од Сингапур, Тајланд и/или Индонезија (од Борнео и Батам). Корисниците потоа може да ги кодираат и пренесуваат своите телевизиски програми на дигиталниот податочен проток на овој канал. Победникот ќе биде прогласен на крајот од 2012 и почетокот на 2013. Услов за доделување е тоа дека дигиталниот пренос мора да започне колку што е можно поскоро, и аналогното исклучување е предложено за 2015 година или подоцна, што значи дека аналогната телевизија може да се задржи подолго од она што првенствено било планирано. Сепаратор за синхронизација Синхронизација на слика се постигнува со емитување на негативни импулси; во композитен видеосигнал со амплитуда од 1 V, овие се приближно 0.3 V под “црното ниво”. Хоризонталната синхронизација е единствен краток импулс што го индицира почетокот на секоја линија. Дефинирани се два временски интервали – преден трем, помеѓу крајот на прикажаното видео и почетокот на импулсот за синхронизација, и заден трем, по импулсот за синхронизација и пред прикажаното видео. Овие, како и самиот импулс за синхронизација, се нарекуваат интервал на хоризонтално бришење (или враќање) и го претставуваат времето за кое електронскиот зрак во катодната цевка се враќа на почетокот од следната линија за приказ. Сигналот на вертикална синхронизација е серија од многу подолги импулси, означувајќи го почетокот на ново поле. Импулсите за синхронизација го зафаќаат целиот линиски интервал од бројот на линии на почеток и крај од скенирањето; не се емитува информација за слика за време на вертикално враќање. Секвенцијата на импулси е дизајнирана така за да дозволи продолжување на хоризонталната синхронизација за време на вертикалното враќање; исто така укажува дали секое поле претставува еднакви или различни линии во испреплетените системи (зависно од тоа дали започнува од почетокот на хоризонтална линија, или од средината). Во телевизискиот приемник, колото на сепараторот за синхронизација ги детектира синхронизираните нивоа на напон и ги групира импулсите во хоризонтална и вертикална синхронизација. Загубата на хоризонталната синхронизација вообичаено резултира со лоша слика; загубатата на вертикалната синхронизација предизвикува движење на сликата нагоре и надолу по екранот. Временски засновани кола
Осцилоскоп Во аналоген приемник со CRT дисплеј импулсите за синхронизација се предаваат на колата за временски засновано хоризонтално и вертикално засилување. Тие генерираат изменети пилести и параболични бранови форми за да го скенираат електронскиот сноп на линеарен начин. Брановите форми се неопходни за да се надополнат варијациите кои настануваат како последица на растојанието помеѓу изворот на електричниот сноп и површината на екранот. Секое прекинувачко коло за насочениот електронски сноп се ресетира со соодветен временски импулс за синхронизација. Овие бранови форми се предаваат на хоризонталните и вертикалните намотки за скенирање намотани околу CRT цевката. Овие намотки произведуваат магнетно поле пропорционално со промената на струјата, и ова го придвижува електронскиот сноп по екранот. Во 1950-тите временски засновано напојување за телевизиски приемник било изведено директно од електричната мрежа. Едноставното коло се состоело од серија отпорници за пад на напон и исправувачки вентил (цевка) или полупроводничка диода. Ова го избегнало трошокот за големи високонапонски трансформатори за напојување (50 или 60 Hz). Ваков тип на коло се користело во технологијата со термонски вентили (цевки). Тоа било неефикасно и произведувало многу топлина, што доведувало до предвремена неуспешност на колата. Во 1960-тите, полупроводничката технологија се применила за временски заснованите кола. За време на доцните 1960-ти во Обединетото Кралство, синхроно, (со скенираната линиска стапка), генерирање на енергија било воведено во цврстиот дизајн на приемниците. Тие имале многу сложени електронски кола во кои дефектите тешко се откривале, но имале многу ефикасна употреба на енергија. Во 1970-тите биле претставени наизменичното напојување (50 Hz), линиската временска база (15.625 Hz) и тиристорски заснованите прекинувачки кола. Во Обединетото Кралство била прекината употребата на едноставните (50 Hz) типови на кола за напојување. Причините за промена на дизајнот произлегле од проблемите со контаминација на електричното напојување кои потекнуваат од електромагнетната интерференција, и прашањата за полнење на напојувањето со оглед на тоа дека енергијата се зема само од позитивниот полуциклус на брановата форма на напојувањето. “Повратен” дизајн на напојување за CRT и принцип на работа Дополнителни информации: Висок напон Повеќето од колата на приемникот (барем во транзисторски заснован дизајн, или во дизајн заснован со интегрални кола) работат на еднонасочно напојување со споредливо ниски напони. Како и да е, анодниот приклучок за катодната цевка бара многу висок напон (типично 10–30 kV) за исправна работа. Овој напон не се произведува директно од главното коло за напојување; наместо тоа приемникот го применува колото кое се користи за хоризонтално скенирање. Еднонасочната струја, се менува низ излезниот линиски трансформатор, а најизменичната струја се индуцира во намотките за скенирање. На крај од секоја скенирана хоризонтална линија, магнетното поле, кое се создава во трансформаторот и намотките за скенирање од струјата, е извор на задоцнета електромагнетна енергија. Оваа енергија на магнетното поле може да се зароби. Спротивниот проток, краткотрајноста (околу 10% од времето за линиско скенирање), струјата од излезниот трансформатор како и струјата од хоризонталната намотка за скенирање, повторно се празнат во примарната намотка на трансформаторот со употреба на исправувач кој ја блокира оваа негативна спротивна електромоторна сила. Кондензатор со мала капацитивност се поврзува преку прекинувачкиот уред за скенирање. Ова предизвикува индуктансата на колото да има многу повисока честота. Ова го забавува (го продолжува) повратното време од екстремно брзата стапка на опаѓање која би постоела доколку тие би биле електрично изолирани во овој краток период. Една од секундарните намотки на трансформаторот потоа ги напојува овие кратки импулси со висок напон и служи како напонски множител. Со ова се добива посакуваниот висок напон. Повратниот претворач е коло за напојување кое работи на сличен принцип. Еден типичен модерен дизајн вклучува повратен трансформатор и коло на исправувач во единствена единица со задршка на излез, (позната и како трансформатор со диодна разделна линија на излез), така што сите високонапонски делови се затворени. Претходните дизајни користеле трансформатор со посебен линиски излез и добро изолирана единица на напонски множител за висок напон. Високата честота (15 kHz или слично) на хоризонталното скенирање овозможува да се применат разумно мали компоненти.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.