From Wikipedia, the free encyclopedia
Алијансата (анг. Combine - Комбајн) или Универзалната Унија е измислена повеќедимензионална империја која е главниот непријател во сериите Half-Life 2, издадени од Valve Corporation. Алијансата содржи вонземјански, синтетички и човечки елементи кои доминираат на планетата Земја. Тие постојано се среќавани во Half-Life 2 и нејзините експанзии како непријатели кои играчот треба да ги уништи.
Алијансата е прикажана како брутално и немилно владее со светот. Полицијата постојано ги измачува луѓето, а некои ги претвора во војници или робови. Во играта, играчот постојано им се спротивставува на луѓе-војници или полицајци кој работат за Алијансата, а им се спротивставува и на некои роботи и слични вонземјански направи. Атмосферата во која се живее преовладува голема мизерија и страв од Алијансата.
Оперската пејачка и глумица Елен Меклејн го позајмува гласот на диспачерката на војниците на Алијансата во Half-Life 2 и нејзините експанзии, додека на војниците гласот им го позајмува Џон Патрик Лори. Некои елементи на Алијансата како што се Советувачот (Адвајзорот), се инспирирани од работата на Френк Херберт[1]. Самото име „Комбајн“ е инспирација од новелата „Еден прелета над гнездото на Куко“ од Кен Кејзи.
За време на правењето на Half-Life 2, повеќе концепти на војници и суштества биле отврлени. Некои женски убијци како што се убијците во Half-Life, биле планирани но подоцна биле напуштени од творба. Уште еден лик кој требало да се појави во Half-Life 2, крематорот, кој претставувал чистач на улиците, исто така бил отфрлен. Биле отфрлени и уште некои идеи за војници, роботи, и други вонземјани на Алијансата. Некои играчи, пак, биле многупати редизајнирани, како што се главниот тип на војник, кој бил редизајниран дванаесет пати пред да биле играта пуштена во продажба.
Првото појавување на Алијансата беше во играта Half-Life 2 како главни непријатели. Во почетокот на играта, полицијата или Цивилната Заштита не му прави ништо на Гордон Фримен во Сити 17, сè додека тој не се појави пред Д-р Волас Брин. Бидејќи Фримен веднаш почнува да работи за Отпорот, тој е гледан како непријател на Алијансата. Откако ќе избега од Сити 17, полицијата ќе ја опколи Источна Блек Меса и ќе го заробат Илај Венс. Фримен треба да оди до Нова Проспект да го спаси Илај заедно со Алекс. Цел пат до таму, Алијансата ќе пробува да ги спречи, но овој пат војската. Подоцна во играта, повторно играчот се бори со Алијансата, со војската и полицијата во Сити 17. На крај, играчот се бори со Алијансата во Тврдината, седиштето на Алијансата во градот. Мосман покрај тоа што го предава играчот неколкупати, на крај ќе му помогне да го сопре Брин, водачот на Алијансата. Играта завршува кога Тврдината ќе експлодира и Д-р Брин ќе умре.
Во првата експанзија на Half-Life 2, Episode One, војниците на Алијансата пробуваат целосно да ја уништат Тврдината, а со тоа и целиот град. Фримен и Алекс ќе го спречат тоа, но за кратко време. Тие ќе мораат што е можно побрзо да излезат од Сити 17, но Алијансата тоа нема да го дозволи. Ќе им прават секакви препреки низ градот и ќе пробат многупати да ги убијат. Гордон и Алекс ќе успеат да се качат на воз да избегаат, но тоа ќе биде предоцна бидејќи Тврдината ќе експлодира и ќе го опустоши целиот град.
Втората експанзија Episode Two почнува со тоа што Алекс и Гордон ќе се извлечат од експлозијата, и ќе видат дека со уништувањето на Тврдината се отворил еден голем портал кон домашниот свет на Алијансата, кој им овозможува да носат повеќе сили на Земјата. Тие исто откриваат дека податоците што ги нашле во Тврдината се всушност шифри со кои може да се спречи порталот. Но за тоа, тие треба да стигнат до космодромот кој е преку Белата Шума. Белата Шума ја владеат силите на Алијансата и повторно треба играчот да се бори со нив. Порталот на крај се затвора, но Илај трагично завршува на крајот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.