Аеродромот Мадрид-Барахас (шпански: Aeropuerto de Madrid-Barajas) е главниот аеродром кој ја опслужува Шпанија. Отворен во 1928 година, прерасна во еден од најважните аеродроми во Европа. Аеродромот го доби своето име по малото место во близината на аеродромот, Барахас. Аеродромот е главна порта за летови од и кон Јужна Америка. Во 2007 година, повеќе од 52 милиони патници го користеа аеродромот, и е на 10-тото место на списокот на најфрекфентни аеродроми на светот, како и четврти во Европа. Барахас е главна централа на Шпанската национална авиокомпанија Иберија.
Кратки факти Аеродром Мадрид БарахасAeropuerto de Madrid-Barajas Madrid-Barajas Airport, {{{name}}} ...
Аеродром Мадрид Барахас Aeropuerto de Madrid-Barajas Madrid-Barajas Airport
Терминалот 4, кој е конструиран од Антонио Ламела и Ричард Роџерс беше пуштен во употреба на Февруари, 2006 година. Терминалната зграда е една од најголемите и зафаќа површина од 760,000 квадратни метри. Новиот терминал е изграден со цел патниците да го избегнат целиот метеж со кој се судираат малите терминални згради. Во текот на конструкцијата на терминалот, две дополнителни писти беа изградени, со цел да се намали метежот на аеродромот.
Терминалите 1, 2 и 3 се терминали кои се домашни терминали на SkyTeam и Star Alliance, како и за Air Europa. Терминалот 4 е база на Iberia Airlines, партнерот Air Nostrum и сите OneWorld партнери.
Линијата број 8 на Мадридското метро сообраќа до терминал 2 и до терминал 4. Во Октомври2006, беше донесена одлука да се конструира Cercanias линија помеѓу Chamartin станицата и терминалот 4. Кога ќе биде завршена, во 2009 година, единствена Cercanias линија ќе го поврзува терминалот 4 со Chamartin станицата и Atocha железничката станица.
Air Europa (Домашни и Шенген одредишта: Барселона, Фуертевентура, Ибица, Ланцароте, Ла Палма, Малага, Милано Малпенза, Палма де Мајорка, Париз Орли, Тенерифе, Аеродром Рим Фјумичино, Тенерифе Север, Тенерифе Југ, Венеција, Виго)