Австриски Ниски Земји
From Wikipedia, the free encyclopedia
Австриски Ниски Земји (холандски : Zuidelijke Nederlanden; француски: Pays-Bas méridionaux или Pays-Bas du Sud; германски : Österreichische Niederlande, Südlichen Niederlande ) ― територија на Бургундскиот царски округ од Светото Римско Царство во перодот од 1714 до 1797 година. Постоеле откако Австрија според Договорот од Раштат во 1714 година ги стекнала поранешните Шпански Ниски Земји и опстоиле до нивната Француска анексија по битката кај Спримонт во 1794 година и Базелскиот договор од 1795 година. Меѓутоа, Австрија не се откажала од своите претензии над покраината до 1797 година во Договорот од Кампо Формио.