From Wikipedia, the free encyclopedia
Патување со душите (јапонски: 千と千尋の神隠し), познат и како Авантурите на малечката Чихиро — јапонски анимиран фантастичен филм од 2001 година, напишан и режиран од Хајао Мијазаки и во продукција на Студио Гибли. Со овој филм Мијазаки го освоил својот прв (и досега единствен) Оскар за најдобар анимиран филм. Филмот ја раскажува приказната на Чихиро Огино, мрзливо десет-годишно девојче, кое запаѓа во свет на духови и чудовишта. Откако нејзините родители се претворени во свињи од страна на вештерката Јубаба, Чихиро започнува да работи во јавна бања со цел да најде начин да се спаси себеси и своите родители, и да се врати во човечкиот свет.
„Патување со душите“ | |
---|---|
Плакатот на македонски јазик | |
Режисер | Хајао Мијазаки |
Продуцент | Тошио Сузуки |
Главни улоги | Руми Хираги Мију Ирино Мари Нацуки Бунта Сугавара |
Музика | Џо Хисаиши |
Кинематографија | Ацуши Окуи |
Монтажа | Такеши Сејама |
Студио | Студио Гибли |
Премиера | 7 јули, 2001 г. |
Времетраење | 125 минути |
Земја | Јапонија |
Јазик | Јапонски |
Буџет | ¥1.9 милијарди $19 милиони 930 милиони мкд |
Бруто заработка | ¥27,492,509,500 ($274,925,095) |
По објавувањето Патување со душите станал најуспешниот филм во јапонската историја со заработувачка поголема од $274 милиони и позитивни критики, надминувајќи го Титаник на јапонскиот бокс-офис. На 75-тото доделување на Оскарите, филмот победил во категоријата за Најдобар анимиран филм, како и Златна Мечка на Берлинскиот филмски фестивал во 2002 година. Исто така, се наоѓа на BFI-списокот „Топ 50 филмови што треба да ги погледне секое дете до 14-годишна возраст“.
Чихиро и своите родители се селат во својот нов дом. Со цел да стигнат побрзо, таткото вози по пократок пат низ шума во која се наоѓаат мали камени куќички во кои живеат духови. Тие предизвикуваат страв во Чихиро. Ненадејно, го губат патот и стигнуваат во таинствен храм што всушност е свет на духовите. Таму, нејзините родители јадат од храната на боговите, и набрзо подоцна се претворени во свињи како казна. Чихиро, која не се послужува од храната, не е казнета. Талкајќи очајно, таа наидува на момчето Хаку што ја советува да се вработи во светот на духовите, за да може да остане таму и да пронајде начин да ги спаси своите родители.
Преку многуте пречки со кои Чихиро се соочува, таа постепено прераснува од разгалено и самоволно детиште во разбрано, силно и верно девојче.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.