Џејмс Тобин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џејмс Тобин (англиски: James Tobin) (5 март 1918 – 11 март 2002 ) — американски економист, претставник на неокензијанците, кој дал значаен придонес за неокласичната синтеза. Неговата академска работа вклучува пионерски придонеси кон проучувањето на инвестициите, монетарната и фискалната политика и финансиските пазари. Во 1981 година бил награден со Нобеловата награда за економија за неговиот придонес „во анализата на состојбата на финансиските позиции и нивните врски со решенијата во областа на расходите, вработеноста, производството и цените“, односно за неговиот придонес во развивањето на модел во кој монетарните, финансиските и реалните променливи се меѓусебно обусловени и за неговата теорија на имотен избор.
Кратки факти Неокензијанска економија, Роден ...
Неокензијанска економија | |
---|---|
Џејмс Тобин (1962) | |
Роден | 5 март 1918(1918-03-05) Чемпејн, Илиноис, САД |
Починал | 11 март 2002(2002-03-11) (возр. 84) Њу Хевен (Конектикат), САД |
Националност | Соединети Американски Држави |
Установа | Јеил Универзитет Комисија на Ковелс |
Поле | Макроекономија |
Алма матер | Харвард Универзитет |
Влијанија од | Кејнс · Шумпетер · Хансен · Хаберлер · Сличтер · Харис · Мејсон · Чемберлен · Баумол · Леонтјев |
Влијаел врз | Семјуелсон · Метзлер · Галбраит · Бергсон · Мусгрејв · Гудвин · Кругмен · Грифит-Џонс · Каул |
Придонеси | Портфолио теорија Кејнзијанска економија Тобиновиот q Тобитов модел Тобинов данок |
Награди | Џон Бејтс Кларк медал (1955) Нобелова награда по Економија (1981) |
Информации на IDEAS/RePEc |
Затвори