Џејмс Гарфилд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џејмс Абрам Гарфилд (англиски: James Abram Garfield; 19 ноември 1831 – 19 септември 1881 ) бил 20 претседател на САД, кој служел кратки 200 дена од 4 март 1881 година до неговата смрт на 19 септември 1881 година Тој го имал вториот најкраток претседателски мандат после Вилијам Хенри Херисон (William Henry Harrison). Тој исто така бил еднинствениот титулар од Претставничкиот Дом на САД избран за претседател. Гарфилд е роден во Морленд Хилс, Охио и дипломирал во 1856 година на колеџот Вилијам. Се оженил за Лукрециа Рудолф во 1858 година Во 1860година тој бил примен во Комората додека служел како државен сенатор на Охио (1859 година – 1861 година). Гарфилд бил командир во армијата на САД за време на граѓанската војна и се борел на Битката кај Шилох. Тој влегол во Конгресот како републиканец во 1863 година, спротивставувајќи се на ропството и сецесијата. Следејќи ги компромисите заедно со Јулисе Грант, Џејмс Блеин и Џон Шерман, Гарфилд бил номиниран од страна на Републиканската партија за претседателските избори во 1880 година и успешно го победил демократот Винфилд Хенкок. Гарфилд постигнал многу малку затоа што поминал малку време како претседател. Во неговото пристапно обраќање тој изразил желба за реформата во државната служба, што била на крајот усвоена од неговиот наследник Честер Артур во 1883 година како закон за реформа во државната служба. Неговото претседателство било скратено откако му бил извршен атентат од Чарлс Гуто додека влегувал на железничката станица во Вашинктон на 2 јули 1883 година Гарфилд бил вториот претседател на САД над кого бил извршен атентат. После неговата смрт тој бил наследен од заменик-претседателот Честер Артур.