Џани Версаче
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џани Версаче (итал. Gianni Versace) е италијански моден творец (Реџо Калабрија, 2 декември 1946 - Мајами Бич, 15 јули 1997 ) кој се смета за едно од најпознатите имиња на италијанската мода во светот. Неговиот моден правец успеал да направи успешен спој меѓу елегантниот и спортскот стил, меѓу машкиот и женскиот од друга страна и на тој начин дал свој печат во светската мода промовирајќи го италијанскиот дизајн и творба. Основач е на модната куќа Gianni Versace SpA, која денес е управувана од страна на неговото семејство.
Неговите творби прават спој од повеќе елементи, свила и кожа, метал и гума и мошне често се среќаваат ткаенини со печатени апликации и украси и везови во прв план. Никогаш не создал модели повикувајќи се на носталгичните модни трендови, само во ретки случаи неговата фантазија успевала да ги поврзе старите мотиви со нова облека која дури и на тој начин преку извонредната изработка оддавала изглед на нешто сосем екстраваганто. Секогаш внимателен на сугестиите кои произлегувале од младата публика, Версаче се наметнал во светот на модата пред сѐ благодарение на својата генијалност која направила да биде поинаков од останатите творци.