Јозеф Милослав Хурбан
словачки писател, новинар и политичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Јозеф Милослав Хурбан (словачки: Jozef Miloslav Hurban; 19 март 1817 — 21 февруари 1886 ) — предводник на Словачкиот национален совет и на Словачкото востание во 1848/1849 година, писател, новинар, политичар, организатор на словачкиот културен живот и протестантски свештеник. Прв го поддржал Јан Колар, но подоцна се свртел кон Људовит Штур. Неговиот син Светозар Хурбан-Вајански ги следел стапките на татко му како писател и националист.
Кратки факти Јозеф Милослав ХурбанJozef Miloslav Hurban, Роден(а) ...
Јозеф Милослав Хурбан Jozef Miloslav Hurban | |
---|---|
Јозеф Милослав Хурбан | |
Роден(а) | 19 март 1817(1817-03-19) Бецков, Кралство Унгарија (денес Словачка) |
Починал(а) | 21 февруари 1886(1886-02-21) (возр. 68) Хлбоке, Кралство Унгарија (денес Словачка) |
Затвори
Градот Хурбаново во јужниот дел на Словачка и астероидот 3730 Хурбан се именувани по него.