Папа Јован Павле II
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јован Павле II (латински: Ioannes Paulus PP. II), роден како Карол Јузеф Војтила (полски: Karol Józef Wojtyła) — 264. папа на римокатоличката црква и владетел на Ватикан во текот на 27 години[1].
Јован Павле II | |
---|---|
Папа од | 16 октомври 1978 |
Папа до | 2 април 2005 |
Претходник | Папа Јован Павле I |
Наследник | Бенедикт XVI |
Роден | 18 мај 1920
Вадовице, Полска |
Починал | 2 април 2005
на 85 години Ватикан |
Поет и полиглот, како и аматерски актер, драматург и учител. Филозоф на историјата, феноменолог, мистик и претставник на христијанскиот персонализам.
На 16 октомври 1978 година бил избран за папа, на второто собрание на кардинали, по смртта на Јован Павле I, кој починал по триесет и три дена од неговиот понтификат. Го сменил своето име во Јован Павле за да му оддаде чест на својот претходник. Неговиот избор за Престолот во Рим имашло посебно влијание врз настаните во Источна Европа и Азија во 1980-тите и 1990-тите, особено врз демократските промени во Полска и другите земји од источниот блок. Од почетокот на неговиот понтификат, тој преземал силни акции против комунизмот и политичкото угнетување.
Главната цел на неговото папство била да се трансформира и промени позицијата на Католичката црква, тој сакал „да ја стави својата црква во срцето на новиот верски сојуз кој ќе ги соедини евреите, муслиманите и христијаните во голема верска сплотеност“. Тој придонел за подобрување на односот на Католичката црква со јудаизмот, исламот, православната црква и Англиканската заедница [2][3][4]. Бил еден од најпатуваните светски лидери во историјата, посетувајќи 129 земји за време на неговиот понтификат, што било толкувано како желба за градење односи меѓу различни нации и религии.
Во своето учење за црквата, покренувал за прашања како што се одржување на целибатот, осуда на механичка, хемиска и хормонална контрацепција, се спротивставил на абортусот и евтаназијата, го поддржувал ставот на Црквата за правото на живот и спречување на жените да ракополагаат, за што беше критикуван од некои, и иако ги поддржа реформите на Ватиканскиот совет II, бил сметан за конзервативен во неговото толкување на овие реформи [5][6]. Се борел против ослободителната теологија, го жигосувал и незаузданиот капитализам и потрошуваштвото, иако често ја прокламирал супериорноста на пазарната економија над национализираната.
Јован Павле II за светци прогласил 483 луѓе, а како блажени прогласил 1.340, што е повеќе од сите негови претходници во претходните пет века. Тој назначил поголем дел од Колеџот на кардиналите, осветил или соосветил многу епископи и ракополагал многу свештеници. Тој бил третиот папа со најдолг стаж во историјата, по св. Петар (30-67) и Пиј IX (1846-1878), првиот папа од Полска и првиот надвор од Италија по холандскиот папа Адријан VI (1522-1523).
Починал на 2 април 2005 година. На погребната церемонија учествувале делегации од над 150 земји, а во Полска била прогласена шестдневна национална жалост. Процесот за канонизација започнал еден месец по неговата смрт, со исклучок на традиционалниот период на чекање од пет години. На 19 декември 2009 година, тој бил прогласен за преподобен Божји слуга од неговиот наследник, Бенедикт XVI, а бил и прогласен за блажен на 1 мај 2011 година, денот на Милостива недела, откако Дикастерија за Причините за Светците му го припиша чудото на исцелување. Второто чудо било одобрено на 2 јули 2013 година и потврдено од папата Францис три дена подоцна. На 27 април 2014 година (повторно Милостива недела), тој бил прогласен за светец заедно со папата Јован XXIII. Овој настан влезе во историјата на Црквата поради канонизацијата на двајца папи во присуство на двајца римски бискупи - актуелниот Францис и пензионираниот Бенедикт XVI [7][8][9].