Тинторето
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тинторето (италиански: Jacopo Robusti Tintoretto; роден како Јакопо Робусти;[1] Венеција крај на септември или на почеток од октомври 1518 година[2] – Венеција, 31 мај 1594 ), италијански сликар, еден од најистакнатите претставници од венецијанската школа и последниот голем уметник од италијанската ренесанса. Неговите современици се восхитувале и ја критикувале брзината со која сликал и на дотогаш невидената умешност во користење на сликарската четка. За неговата енергичност во сликарството го добил прекарот Il Furioso („Бесниот“). Изврши големо влијание врз подоцнежните поколенија, особено врз импресионистите.[3],[4]
Кратки факти Тинторето, Роден(а) ...
Тинторето | |
---|---|
Детаљ од автопортрет | |
Роден(а) | Јакопо Комин 1518 Венеција, Венецијанска Република |
Починал(а) | 31 мај 1594 Венеција, Венецијанска Република |
Правец | ренесанса |
Затвори