Јазична типологија (лингвистичка типологија) — дисциплина на лингвистиката која ги проучува и класифицира јазиците според нивните структурни особености. Главната цел на јазичната типологија е да ги опише и објасни заедничките особености и структурните различности меѓу светските јазици. Јазичната типологија е составена од три дисциплини: квалитативна типологија, квантитативна типологија и теоретска типологија. Квалитативната типологија се занимава со споредбата на јазиците/ дијалектите, квантитативната типологија се занимава со проучување на распространетоста на структурните особености на јазиците и теоретската типологија се занимава со објаснување на овие распространетости.
Јазична типологија |
---|
морфолошка типологија |
изолативен јазик |
синтетичен јазик |
полисинтетичен јазик |
флективен јазик |
аглутинативен јазик |
морфосинтаксна типологија |
морфосинтаксно порамнување |
номинативно-акузативен јазик |
ергативно-апсолутивен јазик |
поделба на ергативност |
австронезиско порамнување |
активно-статичен јазик |
тродолен јазик |
номинативно-апсолутивен јазик |
директно-спротивен јазик |
синтаксен центар |
улога тета |
збороред |
прирок-предмет |
подмет-прирок-предмет |
прирок-подмет-предмет |
прирок-предмет-подмет |
предмет-прирок |
подмет-предмет-прирок |
предмет-подмет-прирок |
предмет-прирок-подмет |
време-начин-место |
место-начин-време |
Квалитативна типологија
Квалитативната типологија развива крос-јазични видови кои овозможуваат рамки во кои се опишуваат и споредуваат поедини јазици.
Типолошки системи
Збороред
Основните зборореди кај јазиците се:
Морфосинтактичко порамнување
Друга честа класификација ги дели јазиците на номинативно-акузативни јазици од една страна и ергативно-апсолутивни јазици од другата страна. Кај јазици со падежи, поделбата зависи од тоа дали подметот од непредниот глагол е во ист падеж со агенсот или пациенсот на преодниот глагол. Ако јазикот нема падежи, тогаш тоа се одредува според тоа дали подметот на непреодниот глагол се појавува на иста страна со агенсот или пациенсот на преодниот глагол.
Литература
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.