плод на јаболкница From Wikipedia, the free encyclopedia
Јаболкото - вид средноевропско овошје
Јаболко | |
---|---|
Цветови, плодови и листови на јаболкница (Malus domestica) | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Оддел: | Magnoliophyta |
Класа: | Magnoliopsida |
Ред: | Rosales |
Семејство: | Rosaceae |
Потсемејство: | Maloideae или Spiraeoideae |
Племе: | Maleae |
Род: | Malus |
Вид: | M. domestica |
Научен назив | |
Malus domestica Borkh. | |
Јабокото најмногу се одгледува во Европа, Северна Америка и Австралија. Најпознати видови јаболко се: канадското, калифорниското, австралиското и јапонското. Најголеми производители на јаболко во светот се: Франција, Германија, САД, Кина, Австралија и др. Во 2005 година биле произведени најмалку 55 милиони тони јаболка, со вредност од околу 10 милијарди долари. Притоа, Кина произвела две третини од вкупната количина. Во Македонија, во 2012 година биле произведени 127.171 тони јаболка.[1]
Најголеми производители на јаболка (2008) | ||||
---|---|---|---|---|
Држава | Производство (Тони) | Фуснота | ||
Кина | 27 507 000 | F | ||
САД | 4 237 730 | |||
Иран | 2 660 000 | F | ||
Турција | 2 266 437 | |||
Русија | 2 211 000 | F | ||
Италија | 2 072 500 | |||
Индија | 2 001 400 | |||
Франција | 1 800 000 | F | ||
Чиле | 1 390 000 | F | ||
Аргентина | 1 300 000 | F | ||
Свет | 64 255 520 | A | ||
Без симбол = официјални податоци, F = проценка на FAO, A = Агрегат (може да вклучува официјални, полуофицијални податоци, или проценки); Извор: FAO Архивирано на 19 јуни 2012 г. |
Јаболката е најраспространето овошје кое што успева и се одгледува ширум Македонија. Најпознати региони каде што се одгледува јаболка кои се препознатливи во секојдневниот живот, па и народното творештво се Преспа и Тетовско.
Опишувајќи ја Тетовската каза и пишувајќи за нејзиното производство, економија и трговија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, за јаболката запишал:
Првото место меѓу овошјето го заземаат јаболката. Добриот квалитет уште повеќе би се зголемил доколку се обработуваат со поголемо знаење и при она име со коешто се ползуваат тие ќе бидат голем извор за збогатување на наброените села. Тие носат различни имиња според видот и квалитетот: самунки, босјанки (најкрупните), петровки (така наречени затоа што рано созреваат, обично околу Петровден), шареначки, врбовички и ѓулабии. Најубави се ѓулабиите, од кои најубавите се носат дури во Цариград [2]
—Ѓорче Петров, „Материјали по изучувањето на Македонија“, 1896
Производството на јаболко е главна гранка од овоштарскиот сектор во Република Македонија. Најзначаен регион за производство на јаболко е Преспанскиот регион кои се наоѓа на надморска висина од околу 850 метри. Во овој регион се произведуваат 90% од вкупните количини на јаболко во Република Македонија односно околу 80.000 тони.
Квалитетот на преспанското јаболко е познат и признат во светот и потврден со многу анализи и контроли на квалитетот.
Најзастапени сорти на јаболко се Ајдаредот со околу 63%, Златниот Делишес 20%, Црвениот Делишес 10% и други сорти со околу 7%.
Околу 20% од вкупното производство на јаболко отпаѓа на индустриско јаболко, што на нашата фабрика и овозможува достап до квалитетна суровина за производство на јаболков концентрат со врвен квалитет[3].
Со симболично откинување на првото јаболко во рамките на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ секоја година официјално започнува годинашната берба на Преспанското јаболко.
На почетокот на бербата, што традиционално започнува на големиот христијански празник Крстовден, се очекува секоја година да надмине 100.000 тона[4].
Во 2016 година, поради ниските температури кои го зафатија Преспанскиот регион на крајот од април, родот со јаболки ебил преполовен во однос на минатите години, односно се собрале околу 50.000 тони јаболка. Околу 2.700 хектари јаболкови насади биле зафатени од мразот, а родот бил оштететен од 20 до 100 проценти[5].
Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 218 kJ (52 kcal) |
13,81 g | |
Шеќери | 10,39 |
Влакна | 2,4 g |
Масти | 0.17 g |
0,26 g | |
Витамини | |
Витамин А (екв.) лутеин зеаксантин | (0 %) 3 μг(0 %) 27 μг29 μг |
Тиамин (Б1) | (1 %) 0,017 мг |
Рибофлавин (Б2) | (2 %) 0,026 мг |
Ниацин (Б3) | (1 %) 0,091 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (1 %) 0,061 мг |
Витамин Б6 | (3 %) 0,041 мг |
Фолна кис. (Б9) | (1 %) 3 μг |
Витамин Ц | (6 %) 4,6 мг |
Витамин Е | (1 %) 0,18 мг |
Витамин К | (2 %) 2,2 мг |
Минерали | |
Калциум | (1 %) 6 мг |
Железо | (1 %) 0,12 мг |
Магнезиум | (1 %) 5 мг |
Манган | (2 %) 0,035 мг |
Фосфор | (2 %) 11 мг |
Калиум | (2 %) 107 мг |
Натриум | (0 %) 1 мг |
Цинк | (0 %) 0,04 мг |
Други состојки | |
Вода | 85,56 g |
Линк до Целосен извештај за хранливите материи од базата на податоци при Министерството за земјодеие на САД | |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. |
Јаболкото е честа тема во народното творештво, литературата, сликарството и во популарната култура, као на пример:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.