Map Graph

Шлезвиг-Холштајн (покраина)

покраина во Прусија

Шлезвиг-Холштајн — покраина на Кралството Прусија и на Слободната Држава Прусија од 1868 до 1946 година. Била создадена од Војводствата Шлезвиг и Холштајн, кои биле освоени од Прусија и Австриското Царство од Данска во Втората Шлезвишка војна во 1864 година. По Австриско-пруската војна во 1866 година, која завршила со австриски пораз, Шлезвиг и Холштајн биле припоени од Прусија. Покраината била создадена во 1868 година и кон неа било додадено и Војводството Лауенбург од 1876 година.

Read article
Податотека:Flagge_Preußen_-_Provinz_Schleswig-Holstein.svgПодатотека:Coat_of_Arms_of_Schleswig-Holstein.svgПодатотека:German_Empire_-_Prussia_-_Schleswig_Holstein_(1871).svg