Map Graph

Савуанско Море

море

Савуанско Море — помало море на територијата на Индонезија наречено по островот Саву кој лежи на неговата јужна граница. На југ се граничи со Саву и Рај Џуа, на исток со островите Роти и Тимор, на север и северозапад со Флорес и Алорскиот Архипелаг, а на запад и северозапад со островот Сумба. Помеѓу овие острови на југ и запад морето преоѓа во Индискиот Океан, на север во Флореското Море, а на североисток во Бандското Море.

Read article
Податотека:Locatie_Savoezee.PNG