Map Graph

Ресенски сарај

неокласичен дворец и музеј во Ресен

Ресенски сарај — дворец во градот Ресен е еден од најпретставителните примери на објекти градени во неокласичен стил во Македонија. Изграден е во француски неоренесансен стил и се смета за еден од поважните примери на архитектурата од почетокот на XX век, во кои се присутни елементи и од другите европски историски стилови во архитектурата. Граден е во периодот од 1905 до 1909 година од еден од водачите на Младотурската револуција, Ахмед Нијази-бег. Неговиот покрив бил обновен во 1982 година, а во 2005 година е реставриран со средства од Светска банка. Објектот е висок 25 метри, со површина од 4.800 квадратни метри внатрешен простор, а во обработка на ентериерот се користени префинето обработени висококвалитетни материјали. Денес зградата на сарајот е Домот на култура „Драги Тозија“, и во него е сместена постојаната поставка на делата на македонската сликарка Кераца Висулчева која е дел од Музејската збирка Ресен на Музејот на Македонија, како и галеријата на дела од Ресенската керамичка колонија.

Read article
Податотека:Resne_-_Niyazi_Bey_Sarayı_01.JPGПодатотека:Sarajcrop.jpgПодатотека:Resne_-_Niyazi_Bey_Sarayi_(Panorama).jpgПодатотека:Ресенски_сарај_2021_(1).jpgПодатотека:Ресенски_сарај_2021_(3).jpgПодатотека:Sarajot_na_Nijazi_beg.jpgПодатотека:Coat_of_arms_of_Resen_Municipality.svg