Некар
Некар — река во Германија со должина од 362 километри. Тече главно во југозападната покраина Баден-Виртемберг, но мал дел и во Хесен и се вбројува меѓу поголемите притоки на Рајна. Извира во областа Шварцвалд близу Филинген-Швенинген, на надморска височина од 706 метри, па минува низ Ротвајл, Ротенбург на Некар, Килхберг, Тибинген, Ниртинген, Плохинген, Еслинген, Штутгарт, Лудвигсбург, Марбах, Хајлброн и Хајделберг, и на крај се влева во Рајна кај Манхајм.
Read article