Map Graph

Маркова Куќа (Татомир)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Маркова Куќа — археолошко наоѓалиште во кратовското село Татомир. Претставува средновековна ќелија. Според податоците добиени од Ѓорѓи Петковски од селото, кој денес живее во Куманово, во коритото на Крива Река и погоре од Кратовски мост има стрмна карпа што се издига над реката. Во карпата имало издлабена ќелија со два влеза и обликувано седало. Високо над карпата, во 1940 година жителите раскопале гроб ѕидан од камен и цврст бел малтер, во кој биле најдени само коски од умрениот.

Read article