Map Graph

Катерина (град)

град во Егејска Македонија, Грција

Катерина — град во Егејска Македонија и седиште на округот Пиерија и Општина Катерина. Се наоѓа во Пиериската Низина, помеѓу Олимп и Солунскиот Залив, на надморска височина од 14 м. Градот, кој е еден од најновите во Грција, има 56.576 жители. Се наоѓа близу градот Солун, вториот најголем град во Грција, кој придонел многу во развојот на Катерина во послените неколку години. До Катерина се стигнува преку главниот автопат Солун-Атина GR-1/Е75 и магистралата „Егнатија“ на север. До градот водат линии на месните и државните возови од главната линија од Атина до Солун, додека пак присутна е и значајна регионална и државна автобуска мрежа со филијала во градот.

Read article
Податотека:Katerinitownhall.JPGПодатотека:Greece_location_map.svgПодатотека:Saint_Photini_Church_in_Paralia_Katerinis_by_Tilemahos_Eftimiadis_1.jpg