Дубровничко-неретванска Жупанија
Дубровничко-неретванската Жупанија — најјужната хрватска жупанија која што се наоѓа во јужна Далмација. Главен град е Дубровник, поголеми градови се: Корчула, Метковиќ, Опузен и Плоче. Општината Неум која и припаѓа на БиХ ја дели жупанијата на два дела, истата општина и овозможува излез на БиХ на Јадранското Море. Најјужниот дел од жупанијата се состои од Дубровник и околината, вклучувајќи го полуостровот Пељешац и островите: Корчула, Ластово, Мљет, Шипан, Лопуд и Колочеп. Северниот дел ги вклучува: делтата на Неретва, езерата Баќина, исто и планината Биоково со врвот Рујница. Деветкилометарскиот приморски појас кој му припаѓа на Неум ја дели жупанијата на два дела, правејќи ги Дубровник и околината ексклава, но Дубровник е поврзан со територијалните води со хрватското копно. Дубровник исто така е поврзан со хрватското копно со автопат. Во тек се преговори меѓу Хрватска и БиХ за слободно преминување на границата кај Неум. Хрватска во 2022 г. го изградила Пељешачкиот мост со кој Дубровник се поврзува непосредно со хрватското копно, без притоа да се помине преку БиХ. Северниот дел на Млет е национален парк. Најјужниот дел од жупанијата е демилитаризирана зона провлак во близина на границата со Црна Гора.