Map Graph

Грамаѓе (Долно Чичево)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Грамаѓе — населба од римското време во атарот на селото Долно Чичево, Македонија. На 1 километар североисточно од селото, на површина од околу 3 хектара, при орање на нивите се пронајдени ѕидови градени од камен и варов малтер, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, мермерна архитектонска пластика и многу градежен материјал. Од ова наоѓалиште потекнува мермерна статуа на облечена жена, зачувана во висина од половина метар. Според Воислав Радовановиќ, од ова место потекнува и една плоча со грчки натпис, посветена на Зевс, Хера и Аполон, која се чува во Музејот на Македонија во Скопје.

Read article