Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Уманц (германски: Ummanz) — остров во Балтичкото Море, близу западниот брег на островот Риген. Административно припаѓа на округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија.
Црква Св. Богородица во Вазе | |
Географија | |
---|---|
Место | Балтичко Море |
Координати | 54°28′27″N 13°10′24″E |
Површина | 20 км2 |
Највисоко место | 3 м |
Држава | |
Најголема населба | Вазе |
Демографија | |
Население | 274 |
Уманц има површина од околу 20 км2 и со тоа, по Риген, е вториот најголем остров во поранешниот округ Риген. Тој е дел од Националниот парк Западнопомерански лагуни. Островот е опкружен на запад и северозапад од Шапродер Боден, на север од заливот Ударзер Вик, на исток од Козеловското Езеро и Брајте, а на југ од Кубицер Боден. Островот Уманц е многу рамен; негова највисока точка изнесува само 3 метри над морето.
Од 1901, островот е поврзан со островот Риген со 250-метри долг мост. Најголема населба на островот е селото Вазе; други села се Хајде, Марков, Зурендорф, Фрезенорт, Танков и Вусе. Заедно со неколку села на самиот Риген ја создаваат општината Уманц.
Од 1341 островот бил поседуван од болницата на Светиот Дух во Штралзунд. Поради тоа, граѓаните на Штралзунд го поседувале островот со векови врз основа на црквата.
„Уманц“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.