From Wikipedia, the free encyclopedia
Светиот Дух (во христијанството) — еден од лицата на Светата Троица. (старогрчки — Άγιο Πνεύμα, латински — Sanctus Spiritus, иврит — רוח הקודש). Христијаните веруваат низ целата историја Светиут Дух им ги давал своите дарови на определени лица, групи и цели народи.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанска теологија | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||
Светиот Дух е третата личност од Божјата природа на Пресвета Троица. Светиот Дух се спомнува честопати во Светото Писмо и најпрво е споменат при создавањето на светот (1 Мој. 1:2). Исто така, треба да се прави разлика меѓу:
Според плодовите и љубовта ќе ги познаеме вистинските ученици Христови (Лк. 6:43-45; Мат. 7:21; 22:36-40; Јвн. 13:35; 1 Јвн. 2:4; 4:7,8).
Бог е Отец, Син и Свет Дух. Сите божествени одлики што ги имаат Отецот и Синот ги има и Светиот Дух. Тој е сѐприсутен (Пс. 139:7; 2 Тим. 1:14), вечен (Евр. 9:14), знае сѐ што и Бог знае (1 Кор. 2:10,11), ја знае иднината (Дела 1:15,16), ги создава луѓето (Јов 33:4), а тоа се особини кои Му припаѓаат само на Бог. Цитати од Стариот завет, кои ги зборува Бог (Адонаи; Јахве), се вели дека се кажани од страна на Светиот Дух (Иса. 6:8-10 и Дела 28:25-27; Ерм. 31:31-34 и Евр. 10:15-17), а апостолот Петар вели дека кога Ананија Го излажал Светиот Дух, тој всушност Го излажал Бог (Дела 5:3,4). Исто така, Светиот Дух е личност, а не некаква енергија. Тој ги има сите особини на една личност: ум и интелект (Рим. 8:26,27; 1 Кор. 2:11), чувства (Иса. 63:10; Еф. 4:30), волја (1 Кор. 12:11), комуницира (Дела 10:19,20; 13:2; 20:23), поучува и потсетува (1 Кор. 2:13; Јвн. 14:26), љуби (Рим. 15:30) итн.
Во Јован 3:3, Исус му вели на Никодим: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.“[1] Зборот „одозгора“ е старогрчката прилошка „анотен - ἄνωθεν“[2] која значи „одозгора, повторно, наново“. Исус намерно искористил аналогија на раѓање, бидејќи како што човекот не може да влијае врз своето физичко раѓање, исто така не може да влијае и врз своето духовно раѓање. Значи, мора да му се случи нешто, што тој самиот не може да го направи, ниту пак да придонесе нешто за тоа. Нановораѓањето е суверено дело на Светиот Дух (Јвн. 1:12,13; 3:6), во кое Тој го пресоздава човекот - му дава ново срце, нов ум, нов карактер т.е. нова природа, а покрај тоа Тој дури и се вселува во него (1 Кор. 3:16). Поради тоа, човекот е оспособен да реагира со спасоносна вера и покајание (Јвн. 6:44,65; 1 Кор. 2:14; Дела 16:11-15; 2 Тим. 2:25) и да живее свет и праведен живот (Рим. 8:8,9; Гал. 5:22,23). Таквиот човек нема да биде безгрешен (1 Јвн. 1:8,10), но ќе живее праведен живот, бидејќи тој има нова природа која ги љуби Божјите заповеди, а го мрази гревот (Мат. 7:21-23; Јвн. 14:15,23; Рим. 7:15,19,22; 1 Кор. 6:9-11; 1 Јвн. 2:4). Потоа Исус ја дообјаснува Својата изјава, велејќи: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Духот, не може да влезе во царството Божјо.“[3] Некои луѓе мислат дека зборот „вода“ се однесува на крштавање, но таквото толкување има свои проблеми: контрадикторно е со аналогијата на раѓање (бидејќи е нешто во кое немаш никаква улога и придонес), а исто така, христијанското крштавање сѐ уште не било воспоставено. Исус рекол дека тоа било Старозаветна вистина која Никодим, како учителот на Израел, морал да ја знае (Јвн. 3:10). Тука Исус не мислел на буквална вода, туку на потребата за „очистување“, укажувајќи на пасусот во Езк. 36:25-27: „²⁵Ќе ве поросам со чиста вода и вие ќе бидете чисти; од сите ваши нечистотии и од сите ваши идоли ќе ве очистам. ²⁶Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ставам во вас; ќе го земам од вашето тело каменото срце и ќе ви дадам срце од месо. ²⁷Ќе го внесам во вас Мојот Дух и ќе направам да одите по заповедите Мои, и вие ќе бидете внимателни да ги исполнувате наредбите Мои.“[4] Кога водата се користи фигуративно во Стариот завет, вообичаено се однесува на обнова или духовно чистење, особено кога се користи во комбинација со „дух“ (4 Мој. 19:17-19; Пс. 51:2,7,9,10; Иса. 32:15; 44:3-5; 55:1-3; Ерм. 2:13; Јоил 2:28,29). Исто така, во Јак. 1:18 и 1 Пет. 1:23 пишува дека нановораѓањето е и преку Божјото слово, а во Еф. 5:26 читаме: „За да ја освети, очистувајќи ја со водната бања преку словото“[5]. Значи, Исус се осврнал на духовното миење или прочистување на душата, кое Светиот Дух го прави преку словото Божјо во моментот на спасението (сп. Тит 3:5). Во Дела Апостолски го гледаме ова како се случува: „И една богобојазлива жена од градот Тиатир, по име Лидија, која продаваше црвени ткаенини, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на она, што го зборуваше Павле.“ (Дела 16:14)[6]. Ова е неопходно за некој да може да припадне на Божјото царство. Нановораѓањето е нешто кое човекот не може да го направи; тој не може да придонесе со некакво дело или ритуал за тоа да се случи, туку само може да побара од Бог да му се смилува и да го нановороди.
Главната улога на Светиот Дух е да сведочи за Исус Христос (Јован 15:26; 16:14). Тој им ја кажува на срцата на луѓето вистината за Исус Христос. Светиот Дух исто така и поучува (1 Коринтјаните 2:9-14). Тој му ја открива Божјата волја и вистината на христијанинот. Исус им рече на Своите ученици: „А Утешителот, Светиот Дух, Кого Отецот ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи на сè и ќе ве потсети на сè што ви реков“ (Јован 14:26). „А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува Сам од Себе, туку ќе зборува за она што го слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат“ (Јован 16:13). Светиот Дух има улога и за нехристијаните исто така. Тој ги уверува срцата на луѓето за Божјата вистина дека се грешни и дека им е потребна Неговата прошка; за праведниот Исус, Кој умре наместо нас за нашите гревови и за Божјата осуда над светот и оние кои не Го познаваат Него ( Јован 16:8-11). Светиот Дух му зборува на нашето срце и нашиот ум да се покаеме и да се свртиме кон Бог и од Него да побараме прошка и нов живот.
Ова се побожните одлики на оние кои вистински му припаѓаат на Бог преку вера во Христа и кои го поседуваат Духот Божји:
Љубов - тука е употребен зборот „агапе - ἀγάπη“, што претставува љубов која одлучува да љуби. Ваквата љубов не се однесува на емоционална наклонетост, физичка привлечност или семејна врска, туку на почит, посветеност и наклонетост која води кон доброволно и пожртвувано служење (Јвн. 15:13; Рим. 5:8; 1 Јвн. 3:16,17).
Радост - станува збор за радост која се темели на непроменливите божествени ветувања и вечните духовни реалности. Тоа е чувството на благосостојба што го доживува вистинскиот верник, бидејќи знае дека е помирен со Господ (1 Пет. 1:8,9). Ваквата радост не е резултат на поволни околности, па дури и се јавува кога тие околности се најболни и најтешки (Јвн. 16:20,21,22). Радоста е дар од Бога, и како таква, верниците не треба да ја произведуваат, туку да уживаат во благословот што веќе го поседуваат (Рим. 14:17; Флп. 4:4).
Мир - станува збор за внатрешниот мир што произлегува од довербата во спасителната врска со Исус Христос. Исто како и радоста, мирот не е поврзан со околностите (Јвн. 14:27; Рим. 8:28; Флп. 4:6,7,9).
Долготрпеливост - претставува способност да се издржат повредите нанесени од други луѓе, како и подготвеност да се прифатат иритирачки и болни ситуации (Еф. 4:2; Кол. 3:12; 1 Тим. 1:15,16).
Благост - претставува нежна грижа за другите, што се изразува во нашата желба нежно да се однесуваме кон други луѓе, исто како што Господ се однесува кон верниците (Мат. 11:28,29; 19:13,14; 2 Тим. 2:24).
Добрина - станува збор за морална и духовна извонредност, која се манифестира со активни дела на благост (Рим. 5:7). На верниците им е заповедано да служат како пример за добрина (Гал. 6:10; 2 Сол. 1:11).
Верност - претставува лојалност и доверливост (Плачот на Еремија 3:22; Флп. 2:7-9; 1 Сол. 5:24; Отк. 2:10).
Кроткост - претставува смирен и нежен став, кој трпеливо ги издржува сите навреди и нема желба за одмазда. Во Новиот завет, овој збор се користи и при опишувањето на три ставови: потчинување кон волјата Божја (Кол. 3:12), поучливост (Јак. 1:21) и имање обѕир кон другите луѓе (Еф. 4:2).
Самоконтрола - претставува воздржливост од страсти и нагони (1 Кор. 9:25; 2 Пет 1:5,6).[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.