From Wikipedia, the free encyclopedia
Каролинскиот Остров (Caroline Island), познат и како Милениумски Остров или Бекиса, е корален атол во Кирибати. Атолот е дел од Линиските Острови во Тихиот Океан. Од Европејците, островот за првпат бил забележан во 1606 година. Низ историјата островот бил под британска и американска управа, а по независноста на Кирибати островот е дел од оваа држава. Во XIX и XX век имало присуство и на луѓе поради ископувањето гвано (птичјо ѓубриво). Островот е дом на една од најголемите колонии кокосови краби. Интересен факт за Каролинскиот Остров е дека атолот е прва точка која премината на 1 јануари 2000 година (последна од +12 часовниот појас). Тоа е поради тоа што Кирибати ја сменила часовниот појас, а островот е најисточен во државата.
Каролинскиот Остров е најјужноисточен атол во Линиските Острови. Атолот е составен од 39 мали островчиња и има тесна лагуна која има вкупна површина од 6.3 км2. Копното има вкупна површина од 3.76 км2, а заедно со лагуната и коралниот гребен има вкупна површина од 24 км2. Надморската височина на островот е 6 метри.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.