Лози (науч. Vitaceae) — семејство дикотиледонски цветни растенија каде спаѓаат виновата и петолисната лоза. Го носи името на типскиот род лоза (Vitis).

За истоменото списание видете „Лоза“.
Кратки факти Лози, Научна класификација ...
Лози
Thumb
Гроздови на винова лоза (Vitis vinifera)
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Ред: Лозовидни[1]
Burnett
Семејство: Лози
Juss., nom. cons.
Родови
  • Acareosperma
  • Ampelocissus
  • Ampelopsis
  • Cayratia
  • Cissus
  • Clematicissus
  • Cyphostemma
  • Leea
  • Nothocissus
  • Parthenocissus
  • Pterisanthes
  • Pterocissus
  • Rhoicissus
  • Tetrastigma
  • Vitis (лоза)
  • Yua
Затвори
Thumb
Винови Лози во село Василево

Сродноста помеѓу членовите не е јасна, а самата фамилија нема блиски сродници. Во Кронквистовиот систем, фамилијата е сместена близу до Крушини (Rhamnaceae) во редот Крушиновидни (Rhamnales). Припаѓа на кладот розиди, но Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (APG) не ја класификува во ниеден ред. APG III (2009) ги сместува Лозите во свој сопствен ред наречен лозовидни (Vitales). Филогенетските анализи ги поддржуваат Лозивидните како сродни на сите други розиди.[2]

Видовите од родот лоза (Vitis) имаат по 38 хромозоми (n=19), со исклучок на подродот Muscadinia, кој има 40 (n=20). Родовите Ampelocissus, Parthenocissus и Ampelopsis исто така имаат по 40 хромозоми (n=20), додека Cissus има 24 (n=12).

Фамилијата има стопанско значење поради видовите на лози (Vitis) од кои се добива грозје и се прави вино.

Видовите од родот тетрастигма (Tetrastigma) се домаќини на паразитските растенија од фамилијата рафлезии (Rafflesiaceae).

Мрежата за истражување на фило филогенијата на скриеносемениците и APG, во Лози го вбројуваат родот Leea.

Лозата како мотив во уметноста

  • „Песна на лозите во лозјата на Водно“ — песна на Блаже Конески од 1955 година.[3]
  • „Стара лоза“ — песна на Блаже Конески од 1979 година.[4]
  • „Лозје“ — расказ од истоимената збирка на Блаже Конески од 1955 година.[5]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.