Staphylococcus warneri е член на бактерискиот род Staphylococcus. Станува збор за каталаза-позитивни, оксидаза-негативни, и коагулаза-негативни бактерии кои се чести коменсали во кожната микрофлора на луѓето и животните. Како и другите коагулаза-негативни стафилококи, S. warneri ретко предизвикува болест, но повремено може да предизвика инфекции кај пациентите чиј имунолошки систем е компромитиран.[1]
Staphylococcus warneri | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Bacteria |
Колено: | Firmicutes |
Класа: | Bacilli |
Ред: | Bacillales |
Семејство: | Staphylococcaceae |
Род: | Staphylococcus |
Вид: | S. warneri |
Научен назив | |
Staphylococcus warneri Kloos & Schleifer 1975 | |
Идентификација
Колониите на S. warneri на триптиказа соен агар се обично со беж или жолтеникава боја, понекогаш со портокалови ивици и околу 2-4 милиметри во пречник, после 48 часа инкубација на 35 °C. Оптимална температура за раст е 30-40 °C.
Клиничко значење
S. warneri е предложен како причинител за појава на спонтан абортус кај добитокот и луѓето.[2] Исто така е поврзан со ’рбетен дисцититис,[3] инфекции на мочните патишта,[4] менингит,[5] ортопедски инфекции,[6] инфекции на вентрикуларни шантови,[7] и ендокардит.[8]
Предложен е и како причинител за случај на менингоенцефалитис кај куче.[9]
Некои поранешни извештаи за сериозни инфекции со S. warneri, може всушност да се должат на бактеријата S. lugdunensis.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.