From Wikipedia, the free encyclopedia
Пусикет Долс(Pussycat Dolls, скратено PCD) се американска поп/R&B женска група и танцувачки ансамбл основан од кореографката Робин Антин во 1995г. Како бурлеска група основана во Лос Анџелес. Откако го привлекоа вниманието во државата, во 2003г. Антин конечно преговараше за договор за снимање со Интерскоп Рекордс(Interscope Records) претворајќи ја групата во музичка франшиза, која се состои од Никол Шерцингер, заедно со Кармит Бакар, Мелоди Торнтон, Џесика Сута, Ешли Робертс и Кимберли Вајат. Од тогаш групата развила глобална слика и комерцијален бренд надгледуван од Антин, Интерскоп и повеќе партнери. Тие беа претставени во реалити телевизиски програми, во шоуто во Лас Вегас и преку застапување на производи меѓу другото.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Како музичка група постигнаа успех во 2005г. со нивниот прв албул PCD, кој дебитираше на петтото место во САД од кои произлегоа три успешни песни „Don't Cha“, „Buttons“ и „Stickwitu“, за која добија номинација на наградите Греми. Потоа во февруари 2008г. Кармит Бакар ја напушти групата и таа продолжи како квинтет, а во септември истата година го издаде својот втор албум „Doll Domination“, од каде произлегоа песните „When I Grow Up“, „I Hate This Part“ и „Jai Ho!(You Are My Destiny)“.
Во текот на нивниот пат до славата групата ја поттикнуваа за нивната прекумерна сексуална слика и експлицитно танцување. Исто така групата ја надгледуваа поради претераната нагласеност на водачот на групата Никол Шерцингер, која ги пее сите главни вокали. Кон крајот на 2009г./ почеток на 2010г. групата наиде на проблем да продолжи со снимање на нивниот трет албум и подготовка за нивната светска турнеја. Тогаш се потврди дека Џесика Сута, Кимберли Вајат, Ешли Робертс, Мелоди Торнтон и Никол Шерцингер ја напуштија групата за да направат соло кариери.
1. Историја
1.1 Почетоци како танцувачка група(1995г.-2002г.)
Во 1990г. Антин заедно со Кристина Аплгејт и Карла Кама, почна да размислува за модерна бурлеска група. Првиот настап на танцувачката група беше во 1995г. Во овој период беа видено многу членови во составот кој многупати се менуваше од дебитирањето во 1995г. настапуваа со бројни пејачи-гости, со репертоар од педесеттите и шеесеттите години облечени во долна облека или старомодни пин-ап костими. Тие добија свое шоу во ноќниот клуб „The Vipper Room“ во Лос Анџелес, каде настапуваа секој четврток од 1995г. до 2001г. Во 1997г. Пусикет Долс исто така беа претставени во филмот „Metters of Consequence“ на Морган Хигби Најт каде и Робин Антин имаше помошна улога.
Во јуни 1999г. кога Плејбој објави слики од Пусикет Долс каде беа претставени минимум седум тогашни членки (Кеси Кемпбел, Кива Дасон, Антонета Макри, Ерика Брекелс, Кејти Берголд, Ерика Гудис и Линсли Ален) како позираат полуголи. Групата стана позастапена во дневниот печат. Три години подоцна „The Dolls“ станаа „The Roxi“. Групата стана меѓународно популарна и беше претставена во списанија, специјални телевизиски изданија за МТV и VH1, рекламни кампањи и филмови. Во 2003г. некои од членките на Пусикет Долс беа прикажани во филмот „Чарлиевите Ангели: Полн гас“ како танцуваат на темата на Пинк Пантер. Исто така учествуваат на музичкиот спот на Пинк за песната „Trouble“. Во 2002г. групата беше претставена во списанието „Maxim“ заедно со Кристина Аплгејт, Кристина Агилера и Кармен Електра (која беше главен изведувач на групата на многу од нивните шоуа), што го зголеми јавниот интерес за нив.
Следејќи ја нивната растечка популарност, музичките продуценти Џими Иовани и Рон Фер и помогнаа на групата да се трансформира во комерцијала. Поранешната танцувачка група прерасна во популарна музичка група и стана дел од Интерскоп Рекордс на Иовани. Единствени членови кои останаа по реформацијата на групата беа Робин Антин(која ја презема креативната, извршната и менаџерската улога), Кармит Бакар, Киа Батен, Кеси Кемпбел, Ешли Робертс, Џесика Сута и Кимберли Вајат.
Кога ја прашаа Електра за нејзиното изоставање од групата по трансформацијата во музичка група таа рече: „Јас бев дел од The Dolls повеќе од две години и настапви на секое шоу со нив... но финансиски не можев да станам дел од нивниот нов музички проект... тоа беше жртва која не можев да ја направам“.
1.2 Составот на групата(2003г.-2004г.)
Во 2003г. Шерцингер, поранешна членка на Поп Старс, победници на Eden's Crash стана главен вокал на групата. Истата година беа вклучени и Торнтон и Џонс, со цел да се зголеми вокалната сила на групата. Првиот состав на групата го сочинуваа: Шерцингер, Торнтон, Џонс, Антин, Бакар, Батен, Кемпбел, Вајат, Робертс и Сута. Во 2004г. Групата се појави со две песни во фимловите „Shark Tale“ и „Shall We Dance“. Прва песна на новоформираниот бенд беше „Sway“ од „Shall We Dance“ со спот инспириран од филмот.
Во 2004г. откако снимија неколку демо снимки за албумот, Џонс ја напушти групата за да се посвети на манекенството и соло музичка кариера. Во почетокот на 2005г. точно пред дебито на групата, Батен и Кемпбел ја напуштија групата за да се посветат на соло танцувачка кариера. Антин остана со групата како основач, менаџер и бизнис соработник со Интерскоп. До премиерното претставување стана секстет кој го сочинуваа: Шерцингер, Бакар, Торнтон, Сута, Робертс и Вајат.
1.3 PCD(2005г.-2006г.)
На 13 септември, 2005г. тие го издадоа својот деби албум PCD, кој се искачи на петтото место на Bilboard 200. Нивната прва песна „Don't Cha“ беше успешна, достигна прво место во повеќе земји меѓу кои Обединетото Кралство, Австралија и Канада, а се искачи на второто место на Bilboard Hot 100. Песната првично беше испеана од Тори Аламаз и раперот Баста Рајмс. И баладата „Stickwitu“ се најде на Топ 5 листата во САД и беше нивна втора песна која освои прво место во Обединетото Кралство. Подоцна беше номинирана на наградите Греми за најдобра поп изведба на дуо или група. „Beep“ со Вил Ај Ем, беше помалку успешна, но го достигна првото место во Белгија и Нов Зеланд. „Buttons“(со раперот Снуп Дог) го освои третото место на топ списокот на Обединетото Кралство и во САД. Следната песна „I Dont Need а Men“ иако влезе во топ 10 во Австралија, Нов Зеланд и Обединетото Кралство не беше толку успешна. Шеста песна од албумот беше „Wait a Minute“ со Тимберленд со која влегоа во 40те најуспешни бендови во САД. Групата беше одбрана да настапи на претставувањето на покриеноста на НБА во АВС спортската телевизија. Пусикет Долс најпрво настапија како предгрупа на Влек Ајд Пис на промоцијата на „Honda Civic“ во Северна Америка. На почетокот на 2007г. заедно со Данити Кејн и НЛТ патуваа во Северна Америка како поддршка на Кристина Агилера на турнејата „Back To Basic“ Во ноември 2006г. Пусикет Долс тргнаа ан нивната светска турнеја наречена „PCD World Tour“, со Ријана како предгрупа во Обединетото Кралство. Пусикет Долс настапуваа во „Evening News“ арената во Манчестер на концерт кој беше снимен и подоцна емитуван преку MSN Music.
Паралелно со франшизата со Пусикет Долс како снимачки чин, во април 2005г. започна постојано шоу во живо во ноќниот клуб „Pussycat Dolls Lounge“ кој се наоѓа во непосредна близина на ноќниот клуб „Pure“ во Цезаровата палата во Лас Вегас. Ова шоу содржи "членови на екипата" кои во шоуто продолжија да го користат бурлеска стилот кој настанал во 1995г. во Лос Анџелес. Mинимум еден член, кој уште од почетокот беше во танцувачката група од Лос Анџелес, Рејчл Стерлинг, го започна шоуто во Лас Вегас. Екипата ги вклучуваше вокалите: Џејми Престон, Хејли Зелникер, Аманда Новак, Колди Аманда и Алисиа. Поранешни членки кои беа вклучени: Мередит, Џесика Леа, Рејчел Стерлинг, Лорел, Лаура Диан, Синди, Ешли Гејтс, Бриџит Никол, Џенифер Афронти, Шејла Џој и Џереми Руиз од шоуто „Pussycat Dolls Present: Girlitious“.
1.4 Смена на вториот состав(2007г.)
Во февруари 2007г. во Цезаровата палата се отвори казиното „Pussucat Dolls“ точно наспроти ноќниот клуб „Pussycat Dolls Longue“. За него карактеристично е облеката на персоналот задолжен за игрите, келнерките и танчерките. Од ноември 2008г. се вратија во Лос Анџелес во ноќниот глуп „Viper Room“ преименуван во „Pussycat Dolls Longue“ каде настапуваа секој петок и сабота.
Во 2007г. Асиа Нитолано формално стана седмиот член на групата откако победи на шоуто „Pussycat Dolls Present: The Search For the Next Doll“, наводно давајќи и шанса да пее на следниот албум и на турнејата. Нитолано за првпат настапи со нив на финалето на шоуто, пеејќи го нивниот хит број еден „Don't Cha“. Таа подоцна настапи со Пусикет Долс на „The CW“ забавата. На нејзиното место во групата го преиспитуваа бидејќи само двапати беше видена да настапува со групата, а беше зајакната со нејзиниот изглед најпознат за време на настапот на групата на „Live Earth“.
Додека Пусикет Долс правеа пауза меѓу снимањето на двата албуми, Шерцингер работеше на нејзиниот деби албум со наслов „Her Name is Nicole“. Таа сними четири песни, но ниедна од нив не може да се спореди со комерцијалниот успех кој го имаше со Пусикет Долс. Закажано беше албумот да излезе кон крајот на 2007г., потоа го презакажаа за октомври 2008г. но проектот беше реализиран кон крајот на 2008г. а некои од песните се појавија на вториот албум на групата „Doll Domination“. Точно пред издавањето на втората песна, долготрајната членка на групата Кармит Бакар, после две години објави дека ја напушта групата поради други проекти. По паузата првпат групата настапи како квинтет во Кувајт пред трупите на САД за операцијата „My Space“.
1.5 Doll Domination(2008г.-2009г.)
На 27 мај, 2008г. групата се врати на музичката сцена со новата песна „When I Grow Up“ која го достигна деветтото место на „U.S. Hot 100“ и прво место на „Hot Dance Club Play“ листата. Песната беше на врвот на повеќе европски топ листи и стана светски хит. Следната песна со ограничено издание „Watcha Think About That“ со Миси Елиот не влезе во топ листите во САД, но успеа да влезе во Топ 20 во повеќе други земји вклучувајќи го Обединетото Кралство.
По кратко задоцнување и со издадени две песни, тие го издадоа и албумот „Doll Domination“ во стандардно и луксузно издание. Луксузното издание вклучуваше и по една соло песна на секоја од девојките. Албумот дебитираше на четвртото место на Bilboard 200, со 79 000 продадени копии во првата недела, што е подобро од нивниот деби албум за една позиција, но се продадоа 20 000 копии помалку. Тој се задржа во Топ 100 листата само седум недели, додека нивниот деби албум се задржа скоро една година. Во јануари 2009г. следеа повеќе успешни песни поради што повторно влезе во Топ 100 листата. Оригиналниот албум вклучуваше и две дополнителни песни, светските Топ 20 хитови „I Hate This Part“ и број еден клуб песната „Bottom Pop“ кои излегоа во ограничено издание само во САД и Океанија. Во јануари 2009г. тие тргнаа на нивната втора светска турнеја наречена „Doll Domination Tour“ како поддршка на нивниот втор албум „Doll Domination“. Лејди Гага им беше предгрупа во Европа и Австралија, додека Ни-Јо ги придружуваше во Обединетото Кралство. Во средината на 2009г. тие беа предгрупа на Бритни Спирс на турнејата „The Circus Starring Birtney Spears“ во првиот круг во Северна Америка.
Во април 2009г. Шерцингер потврди за „Bilboard“ дека албумот ќе биде повторно пуштен во продажба така што повеќе луѓе ќе имаат шанса да ја добијат нивната музика. Во Европа албумот беше повторно пуштен во продажба со три или четири нови песни. Во Австралија компилацијата наречена „Doll Domination 2.0“ им беше пуштена во продажба со шест песни од оригиналното издание плус четири нови песни, додека во Обединетото Кралство добија мини-колекција со шест песни наречена „Pussycat Dolls: The Mini Collection“ издадена на 27 април 2009г. која вклучува четири песни од оригиналното издание плус ремикс и нова песна. Во август 2009г. албумот беше издаден уште еднаш, овој пат како „Doll Domination 3.0“ кој ги вклучуваше сите претходно издадени бонус песни на едно CD со оригиналниот албум. Ова издание беше ограничено, го имаше само во Европа и Обединетото Кралство каде сите песни на групата беа во Топ 20.
Последната верзија вклучуваше две дополнителни песни: светскиот хит број еден „Jai Ho!(You Are My Destiny)“ (претставен во инструментална верзија за „Slumdog Millionaire“ и еуро-поп ремиксот од песната „Hush Hush“(пренасловен како „Hush Hush; Hush Hush“) кој на меѓународно ниво достигна Топ 20. Бидејќи Шерцингер беше преистакната во изданијата на двете песни имаше повеќе емотивни изливи во медиумите вклучувајќи го и тој на Торнтон на едно од снимањата за време на турнејата.
1.6 Распаѓање на бендот(2009г.-2010г.)
Поради повеќето медиумски шпеклуации и растечката тензија во групата, нивната основачка и менаџерка Рубин Антин го прекина молкот со тоа што на нејзината страна на Твитер објави дека групата не се распаѓа. Таа јасно кажа: „Пусикет Долс не се распаѓаат... а кога тоа би се случило би слушнале прво од мене, не од озборувања... третиот албум е на пат!“. Подоцна Торнтон ја појасни ситуацијата на MTV:„Моментално Пусикет Долс се на пауза. Тоа е всушност многу потребна пауза. Тоа е како да си по 24 часа со своите сестри и потребно ти е сам да се истушираш“. Торнтон рече дека понатаму тие ќе го најдат патот ги води еден кон друг.
Од тогаш Вајат беше многу гласна за реалноста на групата и даде многу интервјуа за статусот на групата. Во октомври 2009г. таа изјави за „Daily Star“ дека нејзината улога во групата беше работа каде се е кажано и направено и дека тие имаат и свој личен живот кој треба да го живеат. Таа продолжи да објаснува дека групата беше составена но не и природно приврзана затоа таа на Шерцингер повеќе гледа како на бизнис соработник отколку како на пријател. Коментарите дека групата ќе продолжи да постои без разлика кој ќе се врати во бендот и кој ќе биде дел од него, ја зајакна позицијата на групата. На 12 октомври таа изјави за „Daily Records“ дека Антин може да донесе кој сака и групата сè уште ќе продолжи да постои како шоуата во Бродвеј. Во декември Вајат уште еднаш даде изјава за „Digital Spy“. Таа ги потврди претходните извештаи дека била во студио и работела на својот деби соло албум под влијание на електронската музика. Суштинско беше тоа што таа откри дека не знае што се случува моментално со третиот албум на групата бидејќи таа не е дел од нејзината движечка сила. Исто така спомна дека обожавателите треба да очекуваат нови лица. Таа ја опиша нејзината улога во Пусикет Долс како незаменлива, кажувајќи дека таа секогаш ќе биде поврзана со Пусикет Долс без разлика дали тоа ќе биде преку тоа што ќе им помага со кореографијата или пак со креативната насока.
Ова како и многуте одделни интервјуа и изгледи на членовите од групата, водеше до гласини и медиумски шпекулации дека групата е пред распаѓање поради заострениот однос со главниот вокал Шерцингер. Сепак Антин одговори брзо тврдејќи: „Пусикет Долс се прилично живи и нема вистина во тврдењата за тајни договори. Никол и другите девоки секогаш биле блиски. Никол е и секогаш била силна креативна сила во групата и јас го негувам начинот на кој соработуваме“.
Во јануари 2010г. „News Of The World“ тврдеше дека Вајат и Торнтон ќе бидат избркани од групата поради судирите со Шерцингер, со можност дека истото ќе им се случи и на другите девојки. Вајат изјави дека воопшто не е е среќна за привилегираниот однос на Шерцингер за време на неодамнешните турени кој вклучува сопствен превоз, наместо да им се придружи на девојките во автобусот за турнеи и барањата да има посебна гардероба додека другите девојки делат една иста. Последниот удар дојде со најавата дека се направени промени во групата. Вајат изјави дека зборувала со Торнтон, Робертс и Сута за проект соперник на Пусикет Долс. Официјалната изјава со деталните промени не е остварена, додека соло проектот на Шерцингер е остварен. Вајат изјави: „Јас и другите девојки ја прифаќаме Никол и бараме начин да продолжиме да работиме заедно. Сите го сакаме тоа. Но кога го правиме тоа не ни е дозволено да се нарекуваме Пусикет Долс. Сега има многу контроверзии. Не сум зборувала со Никол за тоа. Таа со полна брзина оди напред во нејзината кариера“.
Конечно на 29 јануари, 2010г. се расветли вистинската судбина на групата. Се запосна со Џесика Сута која откри за „E!Online“ дека била избркана од групата по скршеното ребро иако останала со групата на турнејата. Вестите ја донесоа до финансиски пад и одненадеж за малку ќе станеше бездомник. Слично како и Вајат во претходните интервјуа, Сута зборуваше долго за привилегираниот третман на Шерцингер. Додек групата била на турнеја со Бритни Спирс другите девојки морале да ги направат регуларните тестови за дрога, но не и Шерцингер. Според Сута, Шерцингер има поголеми надлежности освен пеење на главните вокали, таа очигледно има контрола врз тоа колку време ќе добие секоја од девојките во нивните музички спотови. Сута изјави за списанието „In Style“ дека иако да се биде од Пусикет Долс и после седум години е прекрасно искуство, таа не сака да биде самославна танчерка.
По помалку од еден месец, на 26 февруари Вајат го потврди она што беше многу очекувано - таа исто така ја напушти групата што и официјално беше објавена во списанието „Loaded“. Таа ја напушти групата бидејќи не беше задоволна од нејзиното место во групата, изјавувајќи: „Посакувам да беше поинаку бидејќи го обожавам она што го праиме на сцена, ми се допаѓа да бидам член на Пусикет Долс, но што се однесува до разликите надвор од сцената, едноставно не можев да го правам тоа повеќе... кога ќе излезев на сцена знаев што е мојата работа и го правев тоа најдобро што можам, мислам дека можам да имам однос со било кој во групна работа, бидејќи тоа е само работа, ништо повеќе!“. Само еден ден подоцна Ешли Робертс исто така го најави нејзиното заминување од групата на нејзиното мрежно место. Во едноставна порака таа кажа: „Да, ги напуштив Пусикет Долс... многу ве сакам сите!!!Многу сум благодарна што ја имав вашата љубов у поддршка. Тоа беше прекрасно возење и научив многу!“. Во меѓувреме Вајат продолжи со изјавата дека сите ја напуштиле групата вклучувајќи ја и Торнтон.
Антин се појави во шоуто на Венди Вилијамс да го промовира нејзиното ново фитнес DVD. Вилијамс ја искористи шансата да ја праша Антин за гласините кои кружат за наводно распаѓање на групата. Таа одговори: „Пусикет Долс не се распаднаа. Всушност ние се подготвуваме за правење на нова музика“. Таа потврди дека Шерцингер ќе остане. Сепак Антин изјави дека ќе донесе некои нови лица, а некои од постојаните членови ќе ја напуштат групата за да се посветат на соло кариера. Таа продолжи: „Во бендот ќе има повеќе женски членови. Во секоја жена има „Pussycat Doll“ која чека да излезе надвор. Има милиони жени кои би сакале да видат какво е чувството. Сакам да донесам нови лица“.
Повторно потврдувајќи го своето место во групата, Шерцингер изјави за MTV дека нејзиното место во групата е сигурно, сепак таа ќе биде со нов состав со надеж дека ќе издадат нов албум кон крајот на 2010г. Таа исто така изјави дека е во студио и снима музика. Кога ја прашаа за природата на снимките таа не беше сигурна дали ќе бидат за нејзиниот албум или за третиот албум на Пусикет Долс, иако за второто кажа дека дефинитивно ќе биде издаден за обожавателите. Во врска со музиката кажа: „Сè уште не знам дали новата мзуика ќе ја издадам во мое име или ќе биде совршена за групата, но не е важно. Јас само сакам да правам одлична музика за обожавателите“. Патем, новиот албум на Пусикет Долс ќе има популарна музика но со повеќе рок и соул звуци.
На 5 декември 2010г. Шерцингер изјави дека решила да го напушти бендот. Беше цитирана: „Го имавме нашето време. Некои од девојките ја напуштија групата. Тоа не зависеше од мене. Не би сакала да бидам во група со други девојки, ние бевме како едно потесно семејство“. Не се знае дали групата комплетно ќе се распадне или ќе продолжи без Шерцингер.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.