вид растение From Wikipedia, the free encyclopedia
Јасика или трепетлика[1] (науч. Populus tremula) — вид топола од умерените предели на Европа и Азија, од Исланд[2] и Британските Острови[3] источно до Камчатка, северно до внатрешноста на поларникот во Скандинавија и северна Русија, а јужно до централна Шпанија, Турција, Тјеншан, Северна Кореја и северна Јапонија. Се среќава и во една месност во Алжир, северозападна Африка. Во јужниот дел на ареалот, јасиката расте по планинските предели.[4][5] како што е случај со Македонија, каде таа е најзастапена во буковите предели на планините.[1]
Јасика | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Семејство: | Врби |
Род: | Топола |
Отсек: | Јасики |
Вид: | Јасика |
Научен назив | |
Populus tremula L. | |
Распространетост |
Ова е крупно листопадно дрво кое достига висина од 40 м. Крошната е широка 10 м, а стеблото има пречник од 1 м.[6] Кората има бледа зеленикавосива боја; кај помладите дрва е мазна, со темносиви баклавовидни леќички, а распукана и темносива кај постарите дрва. Листовите на развиените гранки се речиси округли, малку проширени, со пречник од 2–8 см, со грубо брановидни рабови и бочно сплескани дршки долги 4-8 см. Сплесканата дршка им овозможува листовите да треперат дури и при најмало струење на воздухот, што е причината за името „трепетлика“ и научното име.[6]. Листовите кај малите дрвца и брзорастечките стебленца на кореновите изданоци имаат срцевиден облик и се речиси триаголни.[7] Истите се доста поголеми, достигајќи 20 см, а дршките не им се толку сплеснати. Цветовите имаат облик на реси кои излегуваат рано напролет, пред разлистувањето; овие се дводомни, што значи дека машките и женските реси се на различни дрва, а опрашувањето го врши ветерот. Машките реси се зелено-кафеави, со должина од 5–10 см кога испуштаат полен; женските реси се зелени, долги 2-6 см во истиот период, узреваат на почетокот на летото и имаат по 10–20 (50–80) чаури со мали семчиња обвиткани со влакнеца. Влакненцата служат за лесно расејување на семето кога го носи ветерот.[4][6][8]
Се разликува од сродната американска јасика (Populus tremuloides) по тоа што листовите му се погрубо брановидни.[4]
Како и другите членови на родот, растението се шири на голема површина со кореновите изданоци, дури 40 м од матичното дрво, образувајќи пространи клоновски колонии.[4][8]
Јасиката е светлољубиво и водољубиво растение кое набргу ги колонизира чистинките по пожар или сеча. Ако една единка се оштет или уништи, плитките странични корења почнуваат интензивно да пуштаат коренови изданоци. Брзиот раст продолжува сè до возраст од 20 години, кога се зголемува конкуренцијата на крошните. По навршени 30 години, растот запира. Дрвото достигнува старост од 200 години.[6]
Ова е многу издржливо дрво кое поднесува долги студени зими и кратки лета. Отпорно е на избрестување од срни поради непријатниот вкус на листовите.[9]
Видот е важен за големиот тополин стаклоклирец (Sesia apiformis), кој се вдомува во него како ларва.
Јастиката се одгледува во паркови и големи градини.[10]
Во Европа и средна Азија често се среќава сивата топола (Populus × canescens), која е јасика вкрстена со бела топола (Populus alba). Шумарските институти вкрстуваат и други јасики со цел да се зголеми дрвниот принос и отпорноста на болести (таква е P. tremula × P. tremuloides во Данска[11]).
Дрвото на јасенот е светло, меко и речиси не се собира. Се користи како дрвена граѓа и за кибрит, но и во производството на целулоза и хартија, особено онаа за пишување. Покрај тоа, од него се прави фурнир и разни видови деланки и иверка. Има значајна улога во дрвопроизводството за обновлива енергија. Во еколошки поглед е значајно за разни видови инсекти и габи, и е живеалиште на неколку видови цицачи и птици што престојуваат во млади шуми.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.