Четинари

From Wikipedia, the free encyclopedia

Четинари
Remove ads

Четинарите или иглолисни (оддел Coniferophyta или Pinophyta) се семени растенија кои произведуваат задрвенети стебла. Како и цикасите и гинкото, и четинарите поседуваат многу фосилни остатоци кои датираат од доцниот карбон. За разлика од другите голосемени оддели, четинарите се мошне важни од економски и еколошки аспект. Целата група на четинари се состои од околу 550 видови подредени во седум семејства. Сите седум најверојатно датираат уште од мезозоикот.

Кратки факти Четинари (иглолисни) Период: доцен карбон–денес, Научна класификација ...
Remove ads

Морфологија

Thumb
Листовите на чадорестиот бор

Сите членови од овој оддел произведуваат секундарен ксилем и растат како дрвја или грмушки. Трахејните елементи во ксилемот вклучуваат само трахеиди, а спроводните елементи на флоемот содржат само т.н. решеткасти клетки. Листовите се макрофили, но заземаат форма на иглички или лушпи кај повеќето видови.

Размножување

Четинарите се едно- или дводомни растенија. Поленот (микрогаметофит) се произведува во микроспорангијални стробили (машки шишарки) составени од спорофили каде поленовите торбички (микроспорангии) се образуваат на долната површина. Сите видови се опрашуваат со помош на ветерот, односно анемохорно. Сперматозоидите се без камшичиња и се пренесуваат до јајце-клетката со поленова цевка. Со исклучок на семејството на тисите (Taxaceae), овулите (јајце-клетките) се образуваат во еден комплексен или секундарно намалена мегаспорангијатна стробила (женска шишарка) која се состои од семени лушпи кои носат јајце-клетки. Тие се обрабени со стерилно ткиво.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads