From Wikipedia, the free encyclopedia
Нивеа е германски бренд за лична нега која се специјализира за нега на телото. Тоа е во сопственост на хамбуршката компанија наречена Бајерсдорф. Компанијата е основана во 28 март 1882 година, од страна на Паул Карл Бајерсдорф. Во 1890 година, компанијата била продадена на Оскар Тропловиц. Тропловиц работел со својот консултант Паул Герсон Уна и германскиот хемичар Исак Лифшуц и така развиле нов производ за нега на кожата (крема). Во 1900 година, Лифшуц произвел емулзија со еуцерит, првата стабилна емулзија . Ова е потеклото на еуцерин.
Nivea доаѓа од латинскиот збор niveus, што значи "снежно бело".[1]
Во текот на 1930-тите, Бајсерсдорф започнал со производство на различни видови на производи, како што се масла за потемнување на кожата, пена за бричење, шампон и средства за чистење на лице и тонери. Трговска марка "Нивеа" добила слава во многу земји. Во текот на 1980-тите, брендот се прошири во еден поширок глобален пазар.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.