Волт-ампер (симб. VA, ВА) е единица за привидна моќност (електрична сила)[1] на едно струјно коло, еднаква на производот од квадратната средина на напонот и квадратната средина на јачината на струјата.[2] Кај колата со еднонасочна струја, овој производ е еднаков на вистинската моќност (активна моќност) [3] во вати. Волт-амперот е корисен само кога имаме кола со неизменична струја (AC) (синусоидни напони и струја со иста честота).

Thumb
Привидната моќ е векторски збир од вистинскиот (P) и реактивниот (jQ) вектор на наизменичната струја

Иако волт-амперот и ватот имаат иста димензија на сила (временска стапка на енергијата), тие не се исти по значење. Некои уреди како оние за непрекинато напојување имаат максимална волт-ампеража и посебна максимална ватажа.

Волт-амперажата е ограничена од максималната пропустлива струјна јачина, а ватажата е ограничена од тоа колквата моќност може да поднесе уредот.

Поврзано

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.