Флавин мононуклеотид (FMN), или рибофлавин-5'-фосфат, е соединение кое се добива од рибофлавин (витамин Б2) под дејство на ензимот рибофлавин киназа и има улога на простетична група кај разни оксидоредуктази, вклучувајќи ја NADH дехидрогеназата, како и улога на кофактор кај биолошките фоторецептори за сина светлина.[1][2] Во текот на каталитичкиот циклус, се одвива реверзибилна интерконверзија на FMN од неговата оксидирана форма (FMN), во неговата полухинонската форма (FMNH) и во неговата редуцирана форма (FMNH2), во рамките на оксидоредуктазите каде се наоѓа како кофактор. FMN е појак оксидирачки агенс во споредба со NAD, а е од особено значење во биолошките редокс процеси бидејќи може да учествува во трансфер на еден или два електрона.[1] 

Кратки факти Назнаки, Својства ...
Флавин мононуклеотид
Thumb
Thumb
Назнаки
146-17-8 Ок
ChEBI CHEBI:17621 Ок
ChEMBL ChEMBL1201794?
ChemSpider 559060 Ок
IUPHAR/BPS
5185
3Д-модел (Jmol) Слика
MeSH Flavin+mononucleotide
PubChem 643976
UNII 7N464URE7E Ок
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Точка на топење
Дополнителни податоци
 Ок(што е ова?)  (провери)
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи
Затвори

FMN е главната форма во која се наоѓа рибофлавинот во клетките и ткивата. За негово создавање потребна е енергија од ATP, но сепак тој е повеќе растворлив во водената средина на цитоплазмата од рибофлавинот.[3]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.